Учениците од Чаир добија 4 илјади заштитни маски од компанијата “Зегин”.

Учениците од Чаир добија 4 илјади заштитни маски од компанијата “Зегин”.
март 24 20:42 2021

Вкупно 4 илјади заштитни маски „визер“ дибија учениците од основните училишта во општина Чаир што ја следат наставата со физичко присуство од фармацевтската компанија „Зегин“. Донацијата ја примија градоначалникот Висар Ганиу и директорите на училиштата кои се заблагодарија за хуманиот гест.

– Продолжуваме да сме свесни и внимателни со применување на адекватни мерки за заштита од вирусот Ковид 19. По поставувањето на вкупно 1.950 заштитни паравани во нашите основни училишта, овој пат како резултат на соработката со познатата фармацевстка компанија “Зегин“ и нејзиниот сопственик Благој Механџиски, заедно со директорите примивме донација 4.000 „визер“ маски за потребите на учениците во основните училишта на територија на нашата општина, кои наставата ја следат со физичко присуство – истакна Ганиу.

Во знак на благодарност за донацијата Ганиу на механџиски му подари плакета за неговиот хуманитарен придонес во знак на почит и благодарност со фигурата на нашата голема хуманистка Мајка Тереза.

(Вечер)

напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.