УТРЕ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ПЛАНИНАРСКАТА ТУРА „МАЛЕШЕВИЈАТА ВО ДОЦНА ЕСЕН“

УТРЕ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ПЛАНИНАРСКАТА ТУРА „МАЛЕШЕВИЈАТА ВО ДОЦНА ЕСЕН“
декември 19 21:06 2020

Со сите мерки и препораки на претпазливост од Ковид 19, здружението за планински спортови, туризам и млади„Патфајндерс“  со почеток во 11 часот во текот на утрешниот ден организира еднодневна промо планинарска тура под името„Малешевијата во доцна есен“.Заинтересираноста за оваа планинарската тура како што велат организаторите е голема, а се планира да се посетат неколку живописни предели кои ги нуди Берово, и Малешевијата.

Планинарската патека е во должина од 13,5 километри, а сите учесници и љубители на планинарењето треба да ги поседуваат основните потреби за планинарење.

Овој настан за Берово кое е идеално место за вакви доживувања е исклучителен затоа што ретко во ова време од годината, се случуваат вакви планинарски тури.

Инаку здружението за планински спортови, туризам и млади„Патфајндерс“ е новоформирано здружение кое има за цел да ги активира младите од Берово и да ги промовира планинските спртови, велосипедизмот, кампингот и офф роуд авантурите, додека  во идниот период  се надеваат дека ќе ги искористат одличните услови на Беровското езеро за повторно враќање на кајакарењето на мирни води.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.