УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАН НАСТАНОТ „МАЛЕШЕВСКА КОРИЈА – СПОРТ АВАНТУРА 2021“ ВО РАМКИ НА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА СПОРТОТ

УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАН НАСТАНОТ „МАЛЕШЕВСКА КОРИЈА – СПОРТ АВАНТУРА 2021“ ВО РАМКИ НА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА СПОРТОТ
септември 26 13:12 2021

Планинско Спортскиот Клуб Малешевска Корија, Берово традиционално по 6-ти пат во текот на вчерашниот ден, го организира настанот „МАЛЕШЕВСКА КОРИЈА – СПОРТ АВАНТУРА 2021“, кој оваа година како и лани поради неговите препознатливи вредности во насока на здрави животни навики, беше дел од серијалот настани на Европската недела на спортот – “#BeActive”- координирани од националната Агенција за млади и спорт, и партнерите подржувачи Хотел Манастир, Берово и секако локалната самоуправа на Општина Берово.

Спортот и физичката активност придонесуваат за нашата физичка и ментална благосостојба. Недостатокот на физичка активност не само што има негативно влијание врз здравјето на луѓето и општеството, туку и резултира со економски трошоци. Покрај тоа, спортот има потенцијал да ги зајакне пораките за толеранција и да го зајакне граѓанството низ целиот свет. Промовирањето на улогата на спортот како средство за социјална вклученост помага и во решавањето на тековните предизвици во нашето општество. Но и покрај зголемениот број истражувања што ја истакнуваат важноста на спортот, нивото на физичка активност во светски рамки во моментов стагнира, па дури и опаѓа. Со овој настан целта е да се одговори точно на овој предизвик.

Нашите приоритети вклучуваат: поттикнување на физичка и ментална кондиција и борба против дебелината преку учество во редовна физичка активност, поттикнување на социјална вклученост и интеграција преку спортот, особено за маргинализираните групи, елиминирање на разликите по национални и верски прашања и создавање на родова еднаквост, се со помош промовирање и се поголемо практикување на спортот – изјави Дина Муцунска, претседател на ПСК Малешевска Корија.

Организираните активности на овој настан беа за секого – без оглед на возраста, искуството или нивото на фитнес. Тие вклучуваа:

  • Лесна планинарска тура,
  • Лесна планинско-велосипедска тура,
  • Кајак на  езерото, за кое беа на располагање 10 двојни кајаци и неколку СУП даски,
  • Активности како: кошарка, одбојка, тенис, скокање јаже, пинг -понг …
  • Заеднички ручек и вечерна забава со музички бенда и скара, на отворено покрај река  

Турите и активностите беа предводени и покриени со стручни водичи, поддржувачи, инструктори и спасители на вода. За безбедноста на сите учесници во текот на целиот настан се грижеа локалната полиција и мобилната прва помош.

ПСК Малешевска Корија располага со 25 планински велосипеди за изнајмување и во оваа прилика ги ставивме сите на располагање на учесниците на настанот, за и оние кои немаат сопствени велосипеди, да можат да ја искусат убавината на планинскиот велосипедизам, со надеж дека тој ќе им прејде во навика и пасија.

Содржините беа така испланирани да учесниците беа охрабрени да дојдат со своите деца, па за наша голема радост и настанот беше посетен од голем број на млади.

Ние силно веруваме дека учесниците на овој настан го дадоа нивниот многу важен придонес кон нашата цел со ЛИЧЕН ПРИМЕР да им покажат и укажат на останатите наши сограѓани колку е важно да се живее активно и да се спортува, првенствено за лична благосостојба, а потоа за здрави социјално-општествени односи и силна економија, зошто само активни и витални луѓе, создаваат здрави, не тензични, продуктивни социјално-општествени текови и придонесуваат кон силна економија, кое сето води кон повисок стандард на живеење – изјави Дина Муцунска, претседател на ПСК Малешевска Корија.

Во продолжение погледнете го видеото од настанот:

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.