УКИНАТА НОРМАТА КАКО УСЛОВ ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА.

мај 08 23:09 2018

Уставен пресече: Укината нормата како услов за минимална плата. Тој повеќе нема да биде услов за исплата на минималец.

Сојузот на синдикати на Македонија информира дека Уставниот суд ги укинал членовите од законот во делот за нормираниот учинок. Со ова, според ССМ, ќе се овозможи правна сигурност во примената на Законот за минимална плата и исплатата на минималната плата за сите работници во државата.

„Уставниот суд на Република Македонија по повод иницијативата на Сојузот на синдикатите на Македонија на седница одржана на 18 април 2018 год со Одлука У. Бр. 133/2017-1 ги укина член 2 став 1 во делот: „и исполнет нормиран учинок“ и ставовите 2, 3 и 4 и член 7-б ставови 1 и 3 од Законот за минимална плата во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.11/2012, 30/2014, 180/2014, 81/2015, 129/2015 и 132/2017)“, се вели во денешното соопштение од ССМ.

Според здруженијата на текстилци, нормираниот учинок беше средство за манипулација со минималната плата во дел од компаниите и тие неколку пати укажуваа на тоа:

  • Ние уште на самиот почеток реагиравме и имаше ветување дека нормираниот учинок нема да биде дел од Законот, но на крај сепак влезе и сега прави многу проблеми, кажа Кристина Ампева, прет. на Гласен текстилец.

Токму и поради ова, ССМ поведе постапка за оценка на уставноста на одредбите од Законот за минимална плата во кој е наведено дека работодавачот е должен да му исплати на работникот најнизок месечен износ на основна плата која според законските одредби не зависи само од извршената работа во полно работно време, туку и од исполнетиот нормиран учинок, кој го утврдува работодавачот.

 

ИЗВОР: Тв Стар

  Категории: