Тешко повредени две девојки откако со автомобил излетале од коловоз во Берово.

Тешко повредени две девојки откако со автомобил излетале од коловоз во Берово.
јули 22 16:20 2021

На 21.07.2021 во 03.00 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Берово, патничко возило „бмв 530-д“, со германски национални ознаки, управувано од В.К.(22) излетало од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.Ч.(20), а со телесни повреди се здобила друга сопатничка А.Б.(20), двете од Берово, констатирани во Медицинскиот центар Штип. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Берово.

  Категории: