Со 17 милиони евра државата ќе ја намалува невработеноста.

април 05 17:21 2018

Со 17 милиони евра, државата ќе ја намалува невработеноста. Толку пари ќе се издвојат од буџетот за новот Оперативен план за вработување, кој денес во Штип премиерот Зоран Заев го претстави пред 30-тина претставници од бизнис секторот :

Преку процесот на преквалификација, преку можноста да луѓе кои завршиле соодветно образование но немаат работа за тоа мест, директно да ги преквалификуваме за работни места онаму кадешто треба. Државата тоа ќе го финансира комплетно, изјави Зоран Заев, претседател на Влада на РМ.
Квалификуваната работна сила е проблем кој на Истокот е особено изразен во последните неколку години. Недостигаат работници во текстилството, угостителството, но и во индустријата.

Со новите мерки, се очекуваат повеќе бенефити и за работниците и за компаниите :

Со тоа правиме две добра – вработуваме лица коишто се тешко вработливи, но исто така создаваме и можност да компаниите се развиваат, а со тоа да се развие и економијата во Република Македонија, истакна Мила Царовска, министер за труд и социјална политика.
За разлика од досегашниот План за вработување, сега во него се вметнати клучните измени кои работодавачите ги бараа :

Порано ако работодавачот вработи лица по пат на преквалификација и тоа лице ја напуштеше обуката или работното место, работодавачот беше должен да најде друго соодветно лице или да ги врати парите дадени од државата за време на преквалификацијата. Во новиот план ова го нема, објасни Ангел Димитров, прет. на Организација на работодавачи.
Во процесот на преквалификација, свое учество ќе имаат и локалните самоуправи :

Општината ќе биде партнерски поставена во однос на планот, во нашите простории ќе се одржуваат обуките за преквалификација, рече Благој Бочварски, градоначалник на Штип.
Новите мерки за вработување, беа поздравени од работодавачи во Штип :

Сакам да ги поздравам новите мерки на Владата и се надеваме дека со нив ќе се намали нашиот проблем со недостиг на работници, кажа Тони Димитровски, „Хамачи“.
Освен мерки за преквалификација на работници, во Планот за вработување 2018 -2020 година, се содржат мерки за поддршка за вработување на инвалидни лица и Роми.

Инаку, во моментов, проценот на невработеност на ниво на држава е 22,4%.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.