СО ТРАДИЦИОНАЛНИОТ МАРШ НА ПЕТЛЕЦ,ОДБЕЛЕЖАНИ 114 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА РЕВОЛУЦИОНЕРОТ ДАМЕ ГРУЕВ.

СО ТРАДИЦИОНАЛНИОТ МАРШ НА ПЕТЛЕЦ,ОДБЕЛЕЖАНИ 114 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА  РЕВОЛУЦИОНЕРОТ ДАМЕ ГРУЕВ.
декември 26 18:00 2020

Русиново над сто години го чува споменот на Даме Груев, еден од столбовите на македонското револуционерно движење и секоја година му се оддава достојна почит за заслугите за македонската историја. По повод загинувањето на големиот македонски војвода Даме Груев денес од страна на ОК ВМРО ДПМНЕ Берово,беше организиран традиционален марш од с. Русиново до планината Петлец, местото каде пред 114 години згаснал неговиот живот. .

Чествувањето започна со панихида на гробиштата во Русиново, од каде присутните делегации на ОК ВМРО ДПМНЕ од Берово и Делчево, се упатија и положија цвеќе на спомен обележјето во центарот на селото каде имаа и свое обраќање.

По сите препораки за заштита од Ковид пандемијата, учесниците на планинарскиот марш од центарот на селото Русиново се упатија кон планината Петлец каде беше достојно одбележан денот на загинувањето на Даме Груев, Сандо Китанов, Георги Карчов и Георги Поп Стојанов.За сите учесници беше обезбеден топол оброк од страна на ресторанот Мис Стон.

Апостолот на македонското револуционерно движење Даме Груев за граѓаните не беровско Русиново е од огромно значање и преставаува симбол на селото и симбол на истрајноста во борбата за слобода.

Овој настан традиционално со огромна почит се организира долги години наназад.

Даме Груев, токму на Петлец, во 1906 година, почина како и што живееше: храбро,тврдокорно, со мислата за Македонија.Тој е неизбришлив и безвременски патник кој никогаш нема да исчезне.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.