СО АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦИ ВО СЕЛО ДВОРИШТЕ, СЕ ЗАОКРУЖУВААТ АКТИВНОСТИТЕ ОД ПРОЕКТОТ “МАКЕДОНИЈА БЕЗ КАЛ”

СО АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦИ ВО СЕЛО ДВОРИШТЕ, СЕ ЗАОКРУЖУВААТ АКТИВНОСТИТЕ ОД ПРОЕКТОТ “МАКЕДОНИЈА БЕЗ КАЛ”
март 17 17:36 2022

Со асфалтирање на улици, во центарот на селото , се заокружуваат градежните активности, во рамките на проект ,,Македонија без кал”, со кој значително е подобрена патната инфраструктура во беровското село Двориште.


Со реконструкцијата на улиците во с. Двориште, се обезбдува поголема безбедност и подобра комуникација помеѓу населените места , земјоделците добиваат подобар пристап до своите имоти и до градот, ќе се подобри локалната патна инфраструктура и значително се подобрува квалитетот на живот на жителите на село Двориште.

Во рамките на проектот ,,Македонија без кал”, извршена е реконструкција на локален пат во селото Двориште, со должина од 3300 метри, со вкупна вредност , од околу 400 илјади евра.

Проектите за развој на модерна инфраструктура, во изградба на нови патишта, рехабилитација на регионални и магистрални патни правци, се рализираат со средства обезбедени преку Министерството за транспорт и врски, со примарен фокус на регионалното поврзување и посебен прироритет на локалните патни правци, со цел забрзан локален развој и модернизација на македонските општини.

  Категории: