Смртта на 41 годишната жена од Берово, го вклучи алармот за работата во здравството.

Смртта на 41 годишната жена од Берово, го вклучи алармот за работата во здравството.
ноември 16 19:04 2020

Истрага во штипската болница по обвинувањата на социјалните мрежи за начинот на кој работи болницата со ковид пациенти. Случајот кој го обелодени Михаела за нејзината мајка, ја крена јавноста на нозе. Пациентката починала поради недостаток на кислород кој упорно го барала од медицинскиот персонал. На 41 годишна возраст без претходни заболувања, била на болничко лекување поради вирусот, но ја загубила битката. Ќерката Михаела за Сител раскажа низ што поминала нејзината мајка пред да се случи најлошото.

Михаела вели нема одговорност што може да ја надомести болката и загубата, единствено што бара е промена во начинот на кој се лекуваат останатите критични пациенти.

По случајот министерот Филипче најави дека истрага ќе спроведат инспекторите од ДСЗИ кои во моментот ги прибираат информациите од болницата. Ова го потврди директорот на штипската болница Ален Георгиев.

„Сметаме дека во моментов е коректно да ги почекаме извештаите. По добивање на истите ќе имаме појасна слика за случајот дали имало евентуални пропусти.“

Инспекторите на ДСЗИ работат на случајот по што ќе се знае дали и каква одговорност ќе има. Министерот Филипче на својот ФБ напиша дека се врши надзор по што ќе ја информират јавноста. Од штипската болница велат по добивање на извештаите ќе имаат појасна слика дали имало евентуални пропусти.

Согласно законот ако лекар или друг здравствен работник, нема да укаже неодложна медицинска помош на лице кое се наоѓа во опасност за живот ќе се казни со парична казна или со казна затвор до една година. Доколку настапи смрт поради ова дело сторителот ќе се казни со затвор од 6 месеци до 5 години.

Извор: Сител ТВ

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.