„СЕ ЌЕ БИДЕ ДОБРО“ децата од градинката 23 Август цртаат виножито за солидарност.

„СЕ ЌЕ БИДЕ ДОБРО“ децата од градинката 23 Август цртаат виножито за солидарност.
април 03 23:18 2020

Детската градинка „23 Август“-Берово, се приклучи кон заедничката иницијатива на голем број вакви установи во Европа, која ја носи пораката „Се ќе биде добро“.Директорката Невена Таковска заедно со наставничката Весна Китинска истакнаа дека пораката стигнува од децата од Италија, кои заедно со своите родители кои се вклучени во иницијативата имаат за задача да нацртаат виножито.

  • Се ќе биде добро“-е мотото на децата од Италија кои заедно со родителите се подржуваат и храбрат во овие моменти.
    Оваа иницијатива е прифатена од децата ширум светот, но денес и од децата и родителите од нашата градинка ОЈУДГ „23 Август“ Берово;
    Затоа почитувани родители ова е момент кога кај децата треба да го поттикнете развојот на емпатијата- способност за соочување,подршка на другите во тешки моменти вели Таковска.
  • Прифатете ја иницијативата и забавувајте се ЗАЕДНО со вашите деца.Во било која техника нацртајте,насликајте или направете виножито ,напишете,,Се ке биде добро” и залепете на вашите прозорци.
    Да бидеме солидарни и да сочувствуваме со сите во овие тешки моменти а на тоа да ги научиме и нашите деца….
    Очекуваме слики од децата со  виножито кои ке ги објавите и ке ја означите градинката ОЈУДГ„23 Август-Берово.
    Убаво е детството,убави се боите на виножитото,во овие тешки денови да го преплавиме и обоиме фејсбук со боите на виножитото… Родители бидете креативни и да ги подржиме децата од Италија објавувајте, слики.
    Ве очекуваме..
    Чувајте се… вели Китинска.

Инаку повеќе детски градинки во Македонија и во светот се приклучија кон оваа иницијатива, каде навистина подржката за надеж и солидарност не изостануваат ниту кај најмладите.Респект за иницијативата.

Еве неколку од цртежите на нашите најмили.

напиши коментар

1 коментар

  1. Miroslav Mladenovic
    април 04, 20:40 #1 Miroslav Mladenovic

    Deca su ukras sveta.trebamo neke stvari uciti od njih,to su ciste duse

    Reply to this comment

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.