Се поробруваат условите за учење во ООУ ,,Никола Петров Русински” во с. Русиново

Се поробруваат условите за учење во ООУ ,,Никола Петров Русински” во с. Русиново
јануари 21 19:52 2022

ООУ ,,Никола Петров Русински” во  с. Русиново, го искористи зимскиот распуст на учениците, за уредување на влезот и пристапните патеки до училиштето и за подобрување на условие за учење за учениците.

Реконструирани се санитарните јазли, изграден е санитарен јазол за лица со посебни потреби, уредени се влезот и пристапните патеки до училиштето, санирани се ѕидовите и подлогата во дворното место и набавена е нова урбана опрема.

Второто полугодие во ООУ ,,Никола Петров Русински” во  с. Русиново, ќе започне со подобрени услови за учење на учениците и ќе стане попријатно катче за престој.

-Со реконструкција на ООУ ,,Никола Петров Русински”  уште еднаш потврдуваме дека се грижиме за подобрување на животот на граѓаните во сите сфери, не само во градот, туку и во  населените места во општината.Образовните објекти мора да се реконструираат и постојано да се унапредуваат условите за учење, затоа што тоа дирекно влијае на создавање на успешни генерации, кое нешто е истакнато како приоритет во сите мои излагања – истакна градоначалникот Пекевски.

За реконструкција на училишниот објект во с. Русиново, од Буџетот на училиштето ќе бидат потрошени околу 1.600.000,00 денари.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.