Се зголемува интересот за пчеларство во Регионот.

Се зголемува интересот за пчеларство во Регионот.
март 20 21:46 2018

Се зголемува интересот за пчеларство во Регионот. За пет години, бројот на пчелни семејства се зголемил двојно, од 6.700 на 11.200:

Тоа е добро затоа што пчелите влијаат на целокупната вегетација, особено на овошките, истакна Благој Митев, пчелар од Кочани.
Пчеларството е позитивна, но и доходовна гранка. Во добра година, од едно пчелно семејство се добиваат и до 20-25 килограми мед, што со моменталната цена од 400 денари за килограм е приход од 8.-10.000 денари. Дополнително државата со по 600 денари го субвенционира секое пчелно семејство.

Сепак, приходот варира од година во година и е тесно поврзан со временските услови. Какви се очекувањата за годинава:

Досега годината е добра, имаме многу врнеши што ќе влијае на бујна вегетација и повеќе цветови за паша, смета Митев.
Нова шанса за пчеларите е вадењето на т.н. пчелин отров кој е исклучително баран од страна на светските фармацевтски куќи:

Веќе 10 години собираме пчелин отров за фармацевтските куќи во САД, а од неодамна интерес има и во Западна Европа. Собирањето на пчелин отров е доходовна дејност и може да го компензира падот на производството на мед со кое се соочуваме последните години. На овој начин, може да се обезбеди пристоен живот за пчеларите, вели Сулејман Јакуповиќ, пчелар од Босна и Херцеговина)
Досега во Македонија нема ниту еден пчелар кој се занимава со вадење на пчелин отров. на ниво на Балкан ги има само 10. Најмногу, оваа дејност е развиена во Босна и Херцеговина, кад епчелин отров се вади од околу 700 кошници.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.