СЕ ВРАЌА ТРЕТАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА ИСТОК

СЕ ВРАЌА ТРЕТАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА ИСТОК
март 08 20:12 2022

Десет екипи после долги одложувања, ќе ја започнат новата сезона во Третата фудбалска лига – Исток.Според информациите со кои располагаме, ОФС Кочани одлучи новата сезона 2022 да започне на 19/20 март.

Распоредот ќе се знае по ждрепката која е закажана за петок, 11 март 2022.

Ова се екипите кои пријавиле учество во новото натпреварување во Третата фудбалска лига – Исток, меѓу кои е и нашиот клуб Малеш, со што сепак ќе гледаме фудбал на градскиот стадион во Берово.

ОФК “Малеш ” Берово, ФК ,,Брегалница Делчево”, Рудар од Пробиштип, Чешиново, Карбинци, Младост од Удово, Дојранско Езеро, Победа Валандово , Овче Поле – Свети Николе и Струмица Тиверија.

напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.