Светскиот ден на поезијата одбележан во Пехчево.

Светскиот ден на поезијата одбележан во Пехчево.
март 23 14:55 2018

Синоќа во кафе бар „Ким“ по повод 21 Март – светскиот ден на поезијата се одржа манифестацијата „Поезијо те сакаме“ во организација на Матична библиотека „Кочо Рацин“ – Пехчево.

Одлуката 21 Март да се прославува како светски ден на поезијата беше усвоена во Париз во 1999 год. на 30-тата сесија на УНЕСКО. И оттогаш денот на поезијата се празнува со книжевни собири низ цел свет и поетите од сите континенти праќаат пораки во чест на стиховното творештво“ -ова синоќа го истакна библиотекарката Габриела Костадинова поздравувајќи ги присутните гости.

„Вечерва сме собрани овде да пишуваме стихови во чест на поетското творештво како дел од светското културно богатство и да ја подржиме кампањата „Плати кафе со поезија“- рече Габриела.

Поезија пишуваа учениците од основното и средното образование, како и возрасни читатели од разни профили (лекарки, професорки,наставнички, пензионерки) сите во улога на поети и поетеси.

Темата беше слободна по избор на учесниците.

Сите песни беа добри, но сепак беа наградени четири учеснички и од страна на библиотеката им беа доделени дипломи за освоени места и книги, а на останатите учесници Габриела им додели благодарници и книги за нивното учество.

        Светски ден на поезијата1 Светски ден на поезијата2 Светски ден на поезијата3

Прво место освои Лина Велковска, а второ место освои Лилјана Стефановска, додека третото место го делеа две ученички и тоа Маја Пандова и Катерина Каракашова.

Манифестацијата заврши онака како што и почна релаксирано, опуштено со музика, кафе и си со читање на наградените песни.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.