СВЕТИОТ КРСТ ВО РАЦЕТЕ НА ДЕЈАН ЧИПЛАКОВСКИ ОД БЕРОВО

СВЕТИОТ КРСТ ВО РАЦЕТЕ НА ДЕЈАН ЧИПЛАКОВСКИ ОД БЕРОВО
јануари 19 13:09 2022

После една година пауза поради пандемијата, прославувањето на големиот верски празник Свети Јован Крстител во Берово почна рано изутрината со богослужби во црквата Рождество на Пресвета Богородица. Централната манифестација се одржа на мостот на реката Брегалница, а кулминираше со фрлањето на крстот во осветените води на реката.

Голем број верници оваа година решија за Богојавленските празници да бидат во Берово, на најголемата и најмасовната црковно-народна манифестација.

И утрово поради минусните температури, Беровчани го кршеа мразот за да може да се положи светиот крст во водите на реката Брегалница.По крстот скокаа околу петнаесетина лица, од кои најсреќен беше Дејан Чиплаковски, кој доби и награда од општина Берово и машина за перење од генралниот спонзор на манифестацијата, компанијата „Зегин“ која како и секогаш учествува во спонзорирање скоро во секој град во државата. Според верувањето, оној што ќе го фати крстот ќе има среќа и бериќет цела година.

-Прв пат го фаќам крстот и посакувам на сите здравје и среќа и на помош нека ни е празникот.Не беше студено воопшто во светите води, кој сака за здравје нека учествува па вреувам дека и следната година повторно ќе учествувам во факањето на крстот – рече Дејан Чиплаковски.

Отец Илија кој утрово чиноначалствуваше на богојавленска богослужба, за денешниот празник и посака многу здравје и благослов до сите верници.

– Многу здравје, многу благослов за сите верници.Претходната година знаете дека не можевме да го одржиме овој настан.Посакувам да се смират сите овие работи, овие тензии и пандемијата и секоја година традиционално да се одржува овој настан, да си ја поддржуваме верата.За многу години да сме живи и здрави – рече Отец Илија.

Инаку празникот Водици (Богојавление) народот го празнува како еден од најголемите христијански празници, зашто на тој ден Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан. Со тоа на овој празник му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Затоа кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина. Со овој празник завршуваат не само дванаесетте т.н. Некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања во кој спаѓаат уште и свеченостите поврзани со Бадник, Божик, Нова Година (Василица) и сл.

Видео од денешното положување на крстот во осветените води на реката Брегалница во Берово:

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.