САМО 23 % ОД ДЕЦАТА ДО ШЕСТ ГОДИНИ ОДАТ ВО ГРАДИНКА.

мај 13 18:52 2018

Само 23% од децата на возраст до шест години се згрижени во градинка. За бројката да се зголеми, Министерството за труд и социјална политика најави активности за проширување на капацитетите на установите кои овие деца ги згрижуваат.

На ниво на држава, во најскоро време ќе се обезбедат нови 7.500 места за најмалите :

  • Овој процент ќе го зголемиме со изградба на нови градинки, адаптација на простори кои што ги има општината, кои би можела дањ ги даде на распологање. Адаптација на простор во училиштата и реновирање на просторот во веќе постоечките градинки, изјави Елизабета Куновска, МТСП

Ова беше најавено на денешниот настан одржан во Штип, на тема унапредување на социјалните услуги :

  • Целта на денешниот настан е презентирање и јавна расправа за подготвените документи “Рамка за управување со животна средина и социјални прашања” и “Рамка за политиката за раселување“, додаде, Елизабета Куновска, МТСП
  • Ги земавме во предвид националното законодавство, што треба да подготват за заштита на животна средина, да се подготви елаборат за заштита за животна средина, а во однос на барањата на Светска банка, исто така постојат оперативни процедури на кои треба да се извршат, изјави, Славјанка Пејчиновска Андонова, консултант за животна средина

Проектот има за цел да го подобри пристапот до услугите за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст и пристапот до социјални надоместоци и услуги.

 

ИЗВОР: Тв Стар

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.