САМО ДВА НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНА ВИРУСОТ ДЕНЕС ВО БЕРОВО.

САМО ДВА НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНА ВИРУСОТ ДЕНЕС ВО БЕРОВО.
август 23 14:30 2020

Два нови случаи на корона вирусот се регистрирани денес во Берово, што бројот за разлика од претходните два дена е тројно помал информираше Министерството за здравство.Иако очекувањата беа дека денешните податоци ќе бидат во пораст,сепак охрабрувачи делува денешната бројка.

Еве ги и најновите информации кои ги објави Министерството за здравство:

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1414 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-53, Куманово-19, Штип-8, Тетово-4, Струга-2, Велес-6, Битола-7, Гостивар-10, Гевгелија-2, Струмица-1, Крива Паланка-2, Пробиштип-2, Македонски Брод-3, Берово-2, Делчево-5, Свети Николе-6, Кичево-3, Неготино-2.  

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 58 оздравени пациенти од: Скопје-22, Штип-1, Прилеп-1, Тетово-3, Струга-11, Битола-2, Охрид-9, Гостивар-5, Демир Хисар-3, Виница-1.

Во болнички услови почина 63 годишен пациент од Дебар.  

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13595,  бројката на оздравени пациенти е 10110, на починати е 564, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2921. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 5669, активни 861

• Куманово 1374, активни 336

• Дебар 237, активни 73

• Штип 1108, активни 258

• Прилеп 391, активни 56

• Тетово 1184, активни 169

• Струга 546, активни 141

• Велес 259, активни 35

• Битола 195, активни 54

• Охрид 323, активни 57

• Кавадарци 168, активни 99

• Гостивар 732, активни 315

• Гевгелија 41, активни 23 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)

• Струмица 57, активни 22

• Крива Паланка 37, активни 12

• Радовиш 39, активни 10

• Крушево 16, активни 0

• Кочани 132, активни 30

• Пробиштип 75, активни 20

• Демир Хисар 60, активни 27

• Македонски Брод 68, активни 38

• Пехчево 9, активни 3

• Берово 36, активни 27

• Валандово 7, активни 0

• Виница 63, активни 41

• Делчево 32, активни 27 (7 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 16, активни 2

• Свети Николе 275, активни 66

• Кичево 260, активни 106

• Ресен 146, активни 1

• Неготино 40, активни 12 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1414 теста се преку: ИЈЗ-686, ЦЈЗ Скопје-3, Авицена-289,  Биотек-115, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-0, Систина со PCR метода -148, лабораторија Лаор –76 , Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-79, Инфективна клиника-5, ГАК-13, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 137.465 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.