Раскол во општинската организација на СДСМ во Берово: „Мојот другар стана функционер, а јас ја добив оваа маица“

Раскол во општинската организација на СДСМ во Берово: „Мојот другар стана функционер, а јас ја добив оваа маица“
јули 18 22:28 2018

Веќе неколку дена владее вистински раскол на структурите во општинскиот огранок на СДСМ во Берово. Според информации кои стигнаа до нашата редакција, во општинскиот огранок на СДСМ во Берово се појавиле два табори, односно едниот табор го сочинувале пратеничката во Собранието од редовите на СДСМ Јагода Шахпаска, градоначалникот на општина Берово Звонко Пекевски и претседателот на општинската организација на СДСМ во Берово Јован Матеничарски, додека од другата страна се членовите и долгогодишните активисти на СДСМ.

Според она што е достапно како информација членовите на СДСМ во Берово биле тотално незадоволни од управувањето на општината од страна на градоначалникот на локално ниво и од владеење на премиерот Зоран Заев на централно ниво.

Имено, револтот прераснал во голем проблем бидејќи според наши извори градоначалникот, пратеничката и претседателот на општинскиот огранок наместо да ги вработат членовите и активистите кои работеле и за предвремените парламентарни избори и за локалните избори, ги вработувале своите роднини и пријатели кои ништо не придонеле за победата во Берово.

Screenshot_20180718-131206

Дека членството е демотивирано од ваквиот начин на функционирање се појавија и фотографии на  социјалната мрежа фејсбук со натпис „Мојот другар стана функционер, а јас ја добив оваа маица – Живот во Македонија за сите“.

 

ИЗВОР: javno.mk

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.