ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ОПШТИНА БЕРОВО ПРИСУСТВУВАА НА РАБОТИЛНИЦА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА СИСТЕМОТ НА ИНТЕГРИТЕТ НА ЛОКАЛНО НИВO

ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ОПШТИНА БЕРОВО ПРИСУСТВУВАА НА РАБОТИЛНИЦА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА СИСТЕМОТ НА ИНТЕГРИТЕТ НА ЛОКАЛНО НИВO
април 28 19:38 2022

Во рамките на проект ,,Зајакнати системи на интегритет, за борба против корупција на локално ниво”, кој го реализира Фондација Отворено општество- Македонија, како дел од Проектот на УСАИД за граѓанско учество,  денеска, претставници од Општна Берово, заедно со Градоначалникот Пекевски, учествуваа на работилница за развивање на план за интегритет.

На работилницата се дискутирани утврдените ризици и се работи на развивање на план за интегритет, преку кој се се сузбијат или намалат ризиците од корупција или судир на интереси.

Имајќи ги предвид заедничките заложби за владеење на правото и доброто управување, овој проект  има за цел, да придонесе кон унапредување на доброто владеење на локално ниво, преку зајакнување на отпорноста на локалната власт, на корупција и конфликт на интереси, а со воведување на систем на интегритет во општината.

Како резултат на ваквата соработка, се очекува да се усвои план за интегритет во општина Берово,  да се унапредат знаењата за интегритет и капацитетите на административните службеници, да постапуваат во случи на корупција и судир на интереси, да се донесе подзаконски акт, со кој се регулираат интерните механизми за пријавување на случаи на корупција и судир на интереси во општината.

напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.