Пропуст на беровската локална администрација предизвика инцидент во кабинетиот на градоначалникот Пекевски. Се стигна и до полиција.

Пропуст на беровската локална администрација предизвика инцидент во кабинетиот на градоначалникот Пекевски. Се стигна и до полиција.
март 22 18:40 2018

Полиција ке го расчистува  вербалниот инцидент што   вчера се случил  во кабинетот на беровскиот градоначалник Звонко Пекевски. За што всушност станува збор?

Се почнало откако  познат беровски адвокат во својство на граѓанин  побарал  да му се издаде  извод од детален урбанистички план, за што имал уредно поднесено барање и платени комунални такси.  Но, истото од страна на администрацијата му било одбиено, со образложение дека тој има долг кон општина Берово за данок на имот и додека не го подмири, нема да добие никаков документ од Општината. Адвокатот се обидел да ги разубеди вработените дека нема никаков долг кон општината и дека изводот му е итно потребен, но тие останале на своето со тврдење дека  така им било наредено.

По ова, адвокатот се упатил директно во кабинетот на Пекевски и побарал образложение зошто документот не можел да го добие. Овде, веројатно, двајцата размениле тешки зборови еден кон друг, по што адвокатот ја напуштил општината.

За инцидентот тој на својот фејсбук профил напиша: „Звонко Пекевски денес сакаше да ми повика полиција за да ме исфрли од градоначалничката канцеларија зошто не знае да одговори на прашање зошто за поднесено барање од граѓаните за извод од детален урбанистички план или заверка на пресуда и договор општинската администрација по наредба на градоначалникот бара потрда за платени даноци за комунална такса за побарување кое не е доспеано и ако не е платно не се издава побараната потврда која е платена. Браво СДСМ можете да бидете горди на вашиот градоначалник во Берово“.

Неколку часа подоцна, тој навистина бил повикан во полиција да даде исказ, по поднесена пријава од градоначалникот Пекевски за навреда.

Случајот го потврдуват од штипската полиција од каде не известија дека е: „Поднесена пријава од страна на З.П. градоначалник на општина Берово, против лицето Д.К.  кој околу 11.15 минути влегол во кабинетот и на висок тон му се обратил на градоначалникот и му упатил навреди“, стои во полициското иавестување. Адвокатот за ова веројатно ќе се соочи и со прекршочна пријава.

Неколку часа по инцидентот, вработена од Општината бараниот извод , на адвокатот му го донела на рака во канцеларијата, со извинување зашто проверките потврдиле дека тој навистина немал долг кон Општината, туку дека веројатно, неговата последна фактура не била книжена на време.

Инцидентот, за ТВ Стар го потврдуваат и адвокатот и градоначалникот, но двајцата имаат различно видување околу истиот. Првиот е на став дека таму дошол само за да постави прашање, но не му било дозволено зашто градоначалникот почнал да го брка од кабинетот и да се заканува со полиција. Според вториот, адвкатот бил тој којшто почнал да вика и да невредува, по што следувала и пријавата.

Инаку, само еден ден пред инцидентот во општината, адвокатот повторно на својот фб профил, напишал статус во кој изразува незадоволство од работата на Пекевски:

„…Не е убаво кога мора да признаеш оти си погрешил ама на 15.10.2017 згрешив, јас сам сум виновен. Знаев оти нема материјал и не вреди и пак решив да гласам ветувам тоа ќе е последното гласање …Претходниот барем пешки во норамално време одеше на работа не се криеше и разговараше гласно и на улица и во општината. Сегашниот не може да се сретне никаде на улица наводно прима граѓани в канцеларија ама кога не е на пат, а секој ден е на пат…“, напишал адвокатот.

Инаку, станува збор за лице кое своевремено било вработено во општина Берово и на кого претходниот градоначалник Наџински  му врачил отказ, по препорака на Дисциплинска комисија на која претседател бил сегашниот градоначалник Звонко Пекевски.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.