Промотивно видео за Берово и Пехчево во рамки на кампањата „Дома си е дома“

Промотивно видео за Берово и Пехчево во рамки на кампањата „Дома си е дома“
август 25 14:18 2020

Во крајниот источен дел на нашата дома, во Малешевијата, природата насликала идилична слика што мора да се погледне и да се доживее. Питомите и кротки пејзажи на Малешевските Планини се еднакво прекрасни во сите годишни времиња, без разлика дали ќе ги посетите кога се обелени од снег или кога во пролетниот воздух се разнесува мирисот на планински чај. Бисер на Малешевските Планини е Берово и Беровското Езеро. Ова вештачко езеро се простира покрај извишени борови стебла. Сместено е до селото Ратево, на 6 километри од градот Берово, на надморска височина од 1000 метри.Околината на езерото изобилува со прекрасни терени за излет, рекреација и спорт. Во мај може да ги сведочите расцутените борови, а во јули и август да се искапете во езерските води. Постојат пет пешачки патеки, на некои од нив може да се упатите со велосипед. Постои и трансверзална патека која го спојува најјужниот и најсеверенниот дел на Малешевијата, со должина од 45 километри и висинска разлика од 730 метри – таа претставува предизвик и за најголемите ентузијасти. Пехчево е една од помалите општини во Република Македонија со површина од само 208 км2 и со околу 3.200 жители. Се наоѓа во крајниот источен дел на државата, покрај самата граница со Бугарија. Всушност најисточната точка на општината кај врвот Ченгино Кале (1745 м) е најисточна точка и на Република Македонија. Како туристичка населба се издвојува „Равна река“ во чија близина се наоѓаат „Пехчевските водопади“, „Чабуковски водопади“, „Дебел рид“ и „Црн дол“. Во близина на градчето има рибници, водопади, места за пикник (летниковци), патеки за велосипеди и пешачки патеки. Побегнете од гужвите на големите градови и препуштете се на природата. Серијалот од 10 видеа за промоција на домашниот туризам е изготвен во рамки на кампањата „Дома си е дома“. Видеата се изработени со финансиска поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка, преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), во соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.