(ВИДЕО) ПРОГЛАСУВАЊЕТО НА ДЕЛ ОД МАЛЕШЕВО ЗА ЗАШТИТЕНО ПОДРАЧЈЕ, ГИ ЗВОРЕ СТРАСТИТЕ НА СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ПРИВАТНИ ШУМИ ОД МАЛЕШЕВИЈАТА.

(ВИДЕО) ПРОГЛАСУВАЊЕТО НА ДЕЛ ОД МАЛЕШЕВО ЗА ЗАШТИТЕНО ПОДРАЧЈЕ, ГИ ЗВОРЕ СТРАСТИТЕ НА СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ПРИВАТНИ ШУМИ ОД МАЛЕШЕВИЈАТА.
февруари 24 15:17 2022

Сопствениците на приватни шуми од Берово, реагираат на донесената предлог одлука пред неколку месеци за прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачје, со што како што велат се доведува до прашање егистенцијата на околу 1500 вработени во Малешевијата.Нивната реакција ја изразија денес пред општинската зграда во Берово, каде претставници од ЈП „Македонски шуми“ од Скопје и Берово како и преставници на Фархахем одржуваат состанок зад затворени врати, а никој од нив не бил поканет ниту пак известен за состанокот на кој треба да се разговара и за нивниот проблем.

На заштитеното подрачје во Малешево додадоа сопствениците на приватни шуми, има голем број парцели со шуми во приватна сопственост, а токму дрвната индустрија е главната гранка во Берово која е неопходна за опстанок на многу семејства.Додадоа дека никој не ги консултирал во донесувањето на овој закон, а со забраната за експлоатација на дрвната маса од нивните имоти, се врши удар врз нив и нивната имовина.

-Никој од нас сопствениците на приватни шуми не беше консултиран.Тие си донесуваат програми и закон за заштита на нашите шуми тука во Малешевијата.Само во Берово има околу 20 пилани, кои имаат вработено околу 1500 жители на градот, кои егзистираат од тоа.Што треба ние да си заминеме во странство како сите други.Не, тоа нема да го дозволиме и ќе го решиме случајот.Во оваа енергетска криза, многу луѓе овде во Берово чекаат од нас да им донесеме дрва, посебно пензионерите на кои уште следниот месец треба да ги обезбедиме со огревно дрво.Решението го гледаме во тоа што не сакаме овде да се прогласува заштитено подрачје, да ни се дозволи на нашите приватни имоти да работиме како претходно – рече Делче Голчовски.

Сопствениците на приватни шуми истакнаа дека доколку не се одобрат нивните барања, спремни се да излезат на протест и да го блокираат Берово.

-Ако не се решат нашите барања спремни сме да излеземе на штрајк.Ќе собереме многу луѓе и штрајкот ќе трае додека не се реши нашиот проблем.Ако не ни дозволат од утре да одиме на нашите приватни имоти и да работиме, штрајкот ќе го пријавиме во текот на утрешниот ден и во понеделник ќе го блокираме целиот град Берово, каде знаеме дека секојдневно од 50 до 70 шлепери руда се изнесува во Осломеј, па тогаш тие нас ќе не бараат на состанок не ние – додаде Голчовски.

Сопствениците пак на пилани за обработка на дрво во Берово најавија правна постапка во Стразбур доколку не се реши нивниот проблем.На денешниот состанок кој сеуште трае околу триесетина сопственици на приватни шуми се пред општинската зграда во Берово.Очекуваат да бидат повикани нивни претставници на состанокот.

Порталот Малеш Нет беше известен дека не може да присуствува на состанокот и дека после состанокот никој од присутните нема да даде изјава за медиуми.

Инаку на 14 Декември, Владата ја усвои предлог-одлуката за прогласување на дел од Малешево за заштитен предел, односно заштитено подрачје во категорија V.Површината на идното заштитено подрачје заштитен предел-Малешево изнесува 11460.89 хектари.

Во продолжение погледнете го видеото:

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.