ПО ПОВОД КУРБАН БАЈРАМ АХМАДИЈА ЗАЕДНИЦАТА ПОДЕЛИ ХУМАНИТАРНИ ПАКЕТИ ВО МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА.

август 21 02:15 2018

Со утринската молитва сабах-намаз,а потоа и со молитвата бајрам-намаз џамаатот на Ахмадија заедницата во Македонија ја започна тридневна прослава на Курбан Бајрам кој е 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр Бајрам, а го обележува денот кога е комплетиран Светиот куран.

Под мотото „Љубов секому, омраза никому“, членовите на Ахмадија заедницата во соработка со хумантираната организација “Humanity first“ и годинава по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам, додели пакети со месо односно курбан на 255 семејства во Берово, Пехчево и Куманово, а се проценува дека ќе им помогнат на 225 сиромашни семејства со околу 1125 членови, вклучувајќи мажи, жени и деца.Исто така Ахмадија Муслиманската Заедница донираше пакети со месо за сиромашните семејства и во соседна Србија, од кои се проценува дека ќе бидат поддржани 100 семејства со околу 500 мажи и жени. Месото беше дистрибуирано во градовите Бујановац и Нови Пазар.

Граѓаните упатија голема благодарност до членовите на Ахмадија заедницата и не изоставија да го покажат своето задоволство.

Курбан Бајрам, како што уште се нарекува Празник на жртвата затоа што тогаш се принесува жртва – курбан, се карактеризира со тоа што побогатите им помагаат на сиромасите.

Инаку секоја година Ахмадија заедницата обезбедува хуманитарни пакети за сите граѓани на кои навистина им е потребна помош, без разлика дали се христијани или муслимани, а целта е секоја да ја почувствува топлината и убавината на празникот Бајрам и љубовта кон секој човек .

напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.