ПО ВТОР ПАТ ОДРЖАНА ШТРАПАРИЈАДА ВО БЕРОВО (НАТПРЕВАР ВО ВЛЕЧЕЊЕ ТРУП СО КОЊИ)

ПО ВТОР ПАТ ОДРЖАНА ШТРАПАРИЈАДА ВО БЕРОВО (НАТПРЕВАР ВО ВЛЕЧЕЊЕ ТРУП СО КОЊИ)
мај 06 19:05 2022

Во присуство на поголем број граѓани и љубители на коњи, денес поповод празникот Ѓурѓовден, по втор пат се одржа најавената Штрапаријада, односно влечење на труп со коњи.И покрај временските услови, на настанот учествуваа повеќе од 20 натпреварувачи во лесна и тешка категорија, меѓу кои и гости од Скопје, Штип и Струмица.

Организаторите на натпеварот истакнаа дека и покрај острите реакции од здруженијата за заштита на животните, денес можеше да се види токму спротивното, со спортски дух и без малтретирање или измачување на коњите, се организираше овој настан.

-Еве по втор пат одлучивме да го направиме овој натпревар, но деновиве се крана безпотребна реакција од здружението за заштита на животние „Анима мунди“, дека сме ги малтретирале коњите.Ние повеќе ги сакаме коњите од самите нас и нема потреба да ги измачуваме.Без удирање коњите ги пробаме дали може да го влечат дадениот товар. Тоа е спортски натпревар кој го има во соседните држави и ние секако ќе го направиме традиција во иднина.Има пристигнато над 30 коњи од Берово и гости од Скопје, Штип и Струмица – рече Демчо Демировски еден од организаторите на настанот.

Минатогодишниот натпревар кој се одржа во Берово, побуди голема заинтересираност меѓу Беровчани, па така оваа година организаторите ја збогатија програмата со музика во живо и штандови за освежителни пијалоци како и скара на жар.

-Многу гледаност и позитивни реакци имаше минатата година, па така ние одлучивме оваа година да ја збогатиме програмата на овој спортски настан, со поголема парична награда во за првите три места, со музика во живо.Имаме поддршка од нашите пријатели и ознаници како и од компанијата Зегин која додели значајни награди за најдобрите – рече Јунуз Алимановски член на организацијата на настанот.

Сенат Чиндаров кој го освои второто место во тешка категорија на натпреварот, истакна дека ова се прави за да се здружиме сите и дека Берово може да се пофали со одгледувачи на прекрасни коњи кои традиционално се занимаваат со нив.

-Ние правиме добра работа, да се здружиме сите и да се виде дека во Берово има нешто добро што се случува.Оваа Штрапаријада кој ја разбира знае дека коњите не се малтретираат, туку се гледа колку е силен.На овој убав ден сите сакаме сложни да се дружиме и сакаме овој настан да стане уште поубав во иднина.Јас еве со мојата фамилија повеќе од 25 години чуваме коњи, мојот живот е со коњот а исто така и мојата фамилија опстанува од коњите – додаде Сенат Чиндаров еден од организаторите на настанот.

Граѓаните пак кои го посетија натпреварот со коњи изразија задоволство со порака ваквите сличувања да продолжат во иднина.

Првото место на натпреварот го доби Љупче Ѓерински, кој доби медал и парична награда, второто место му припадна на Сенат Чиндаров кој исто така доби медал и парична награда, додека третото место го освои Махо Реџеповски од Штип. Настанот беше поддржан од компанијата „Зегин“ која обезбеди награди за најдобрите натпреварувачи.

Еве ги и победниците на ѓурѓовденската Штрапаријада која се одржа во Берово:

Лесна категорија:

1 место – Смаил Алимановски од Берово

2 место – Демчо Демировски од Берово

3 место – Емир Чиндаров од Берово

Тешка категорија:

1 место – Љупче Ѓерински од Берово

2 место – Сенат Чиндаров од Берово

3 место – Махо Реџеповски од Штип

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.