ПО БАДНИКОВИ ГРАНЧИЊА НА КАДИИЦА.

ПО БАДНИКОВИ ГРАНЧИЊА НА КАДИИЦА.
јануари 07 19:14 2021

Иако снегот изостана оваа година за празниците, двајца наши ентузијасти од Берово, поточно Стефан и Гоце, вчерашниот ден го искористија да се искачат на планината Влаина по бадникови гранчиња и таму да ја почувствуваат снежната бајка која на сите нас ни фали. Како што велат веќе неколку години наназад, за големиот празник Бадник, тие пешачат до врвот на планината наречен Кадиица кој е висок 1932 метри.Од тука се гледа се велат Стефан и Гоце, прекрасниот Пирин и Рила во соседна Бугарија, Беласица и Огражден, Кожув, додека моментално таму има околу 40 сантиметри снег.Четири часа пешачење им било потребно за да стигнат до таму. Прекрасните гледки кои ги нуди Малешевскиот регион велат тоа е дивина за очите, па за да се осети мора да се дојде и да се види, само треба да посака човек. На врвот Кадиица, каде непрекинато дува силен ветар го развиорија македонското знаме и им посакаа на сите здравје, среќа и бериќет за празниците.

Навистина интерсен и прекрасен подвиг на нашите ентузијасти кој е за поздравување.

Во продолжение погледнете галерија од нивното искачување на врвот Кадиица.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.