ПОЧНА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА.

ПОЧНА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА.
октомври 02 02:21 2020

По еден месец одложување денеска почна новата учебна година за  270 000 средношколци и основци, меѓу кои 19 илјади се првачиња.

Училишното ѕвонче заѕвони за учениците од прво до трето одделение кои наставата  под посебни протоколи ќе ја следат од училишните клупи. Останатите основци од повисоките одделенија и средношколците со своите наставници ќе комуницираат  онлајн.

Националната платформа за учење од далечина пред стартот на учебната година покажа слабости, но од МОН уверуваат дека проблемите ќе се решаваат тековно.

Учебната година во основното училиште „Дедо Иљо Малешевски“ почна со зголемен број на првачиња.Како што истакна директорката Наташа Аврамска, училиштето во Берово ги исполнува сите услови за почеток на наставата, сите мерки и препораки за заштита на децата се превземени со што единственото беровското основно школо важи за едно од најопремените и високо рангирани основни училишта во државата.

Првиот ден учениците од прво до трето одделение го дочекаа со нов реновран антибактериски под, а при крај е реконструкцијата на дворната површина на училиштето што е за поздравување.

Но, сепак и покрај тоа училиштето не доби дозвола за физичко присуство за настава на учениците во сите одделенија поради регионалната состојба со пандемијата, се надевам дека наскоро сите ученици ке се вратат во училишните клупи истакна директорката Аврамска.

Инаку настава со физичко присуство ќе следат учениците од прво до трето одделение, но и во повисоките одделенија во околу 600 основни и средни училишта кои поднеле барања за ваков тип на настава и добија одобрение од надлежните. Сите преостанати ученици, наставата ќе ја следат исклучиво онлајн.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.