(ВИДЕО) ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА ЗБРАТИМУВАЊЕ МЕЃУ ОПШТИНА БЕРОВО И СЛОВЕНЕЧКАТА ОПШТИНА РАДЕНЦИ

(ВИДЕО) ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА ЗБРАТИМУВАЊЕ МЕЃУ ОПШТИНА БЕРОВО И СЛОВЕНЕЧКАТА ОПШТИНА РАДЕНЦИ
февруари 11 17:05 2022

Претставници на општина Раденци и амбасадтата на Република Словенија, денес во просториите на општина Берово потпишаа заднички меморандум за збратимување.Берово и Раденци во иднина ќе соработуваат во повеќе области како што се туризмот, економијата, земјоделството, образованието.Ова е прва средба помеѓу двете делегации, на која како што истакна граодначалникот Звонко Пекевски приоритет во разговорите ќе биде размена на искуства во делот на имлементација на европски проекти.

-Изразувам голема благодарност до градоналничкот Роман Лелјак, кој се отповика на нашата иницијатива. На овој прв состанок очекуваме размена на искуства со Општина која потекнува од Европската унија, со општина која е во претпристапните фондови. Целта е зависно од можностите и надлежностите, дел од проектите и средствата од Европските фондови да создадеме услови да бидат достапни за нас како Општина, истакна Пекевски.

Како прв човек на Општина Раденци, градоначалникот Роман Лељјак изрази подготвеност да споделат искуства за проектите кои ги имаат реализирано преку Европските фондови, преку кои само минатата година имаат искористено 8 милиони евра.

-Она по што сме познати повеќе од 150 години се термалните бањи „Раденска Три Срца“, а имаме и многу други туристички точки. Мислам дека од наша страна Берово ќе ја има полната поддршка во туризмот, економијата, земјоделството, образованието, области во кои ќе се обидеме да подготвиме заеднички проекти. Словенија како членка на ЕУ, многу добро работи со тие проекти, за што е показател сумата од 8 милиони евра, која ја имаме добиено во 2021 година, рече Лељак напоменувајки дека овде се и да научат повеќе за градот Берово, но и да го пренесат своето искуство, со цел да се постигне одредена добробит во корист на жителите од двете земји.

Претседателот на Советот на Општина Берово, Стево Суџуковиќ кој исто така беше дел од средбата очекува продолжување на понатамошната сорбаотка и збогатување на искуствата за равој на инудстриските гранки во Општина Берово. Во знак на добрата соработка најавена е донација на камион за чистење снег за потребите на Општина Берово. Првиот ден од посетата, гостите од Словенија го искористија за заедничка прошетка и запознавање ос културно-историското наследство на Берово.

Исто така заеднички имаа можност да видат како се произведува сирење, во Млекара Малеш во с. Смојмирово, понатаму го посетија ТППЕ Берово, а имаа прилика да ги фкусат и традиционалните малешевски производи, подготвени од учениците од туристичката струка во ОСУ ,,Ацо Русковски” во Берово.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.