ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦА “3” ВО ТУРИСТИЧКАТА НАСЕЛБА БЕРОВСКО ЕЗЕРО

ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦА “3” ВО ТУРИСТИЧКАТА НАСЕЛБА БЕРОВСКО ЕЗЕРО
март 07 13:02 2022

Во Кочани денеска, Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски,  потпиша договор, за реконструкција на улицата, со Стоименов ДООЕЛ Кочани и Центарот за развој на источно планскиот регион.

Проектот опфаќа реконструкција на улицата, во должина од околу 510 метри, со  проширување на постојната коловозна лента за 1m.

Бенефит од истиот, ќе имаат туристите, посетители љубителите на природата, здравиот начин на живот, планинарите, семјејствата кои викендите и слободното време го поминуваат во природа, сопствениците на угостителски и  сместувачки капацитети, како и производители на здрава храна и на сувенири.

Со проектот ќе се подобри инфраструктурата и пристапноста до објектите за развој на туризмот, во различни области и кои придонесуваат за побогата и разновидна туристичка понуда во рекреативна или спортска смисла во источниот регион.

Најповолниот економски оператор, се очекува да биде воведен во градба веќе следната недела.

Проектот се реализира преку Биро за регионален развој, во рамките на Програмата за регионален развој за 2021/2022 и за истиот ќе бидат потрошени 4.344.320,00 денари.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.