Поразителни податоци на Транспаренси Интернешнал. Македонија со најголема корупција од земјите на Западен Балкан.

Поразителни податоци на Транспаренси Интернешнал. Македонија со најголема корупција од земјите на Западен Балкан.
март 29 22:15 2018

Поразителни податоци на Транспаренси Интернешнал. Македонија со најголема корупција од земјите на Западен Балкан, но и со најголемо назадување во делот на корупцијата.

За пет години, државата од 69 место паднала на 107, што ја става последна на листата на сите земји во регионот кога во прашање е борбата против корупцијата.

„…Иако намалувањето на корупцијата е долготраен процес , во изминатите пет години многу земји оствариле мал или никаков напредок. Дополнително вознемирувачки се анализите на индексот на корупција кои покажуваат дека во земјите во кои новинарите и невладините организации се најмалку заштитени, има најголем степен на корупција…“, стои во соопштението на Транспаренси Интернешнал.

Она што анализите го покажале на хартија, овдешните жители го гледаат секојдневно. Веќе стана пракса и за најобични работи, да се бара мито, тврдат граѓани:

  • Секаде бараат мито и пари и некогаш човек е принуден да даде. Ако се работи за лек и за здравје, сите ќе дадат, велат анкетирани граѓани на  Штип.

А токму корупцијата е она што државата ни ја влече надолу, а младите ги брка одовде:

  • Мито и корупција, криминал има многу. Тоа мора да се отстрани зашто младите не можат да ни просперираат. Кој има да даде ќе напредува, а кој нема – не, смета жител на Штип.

Токму и поради ова, штипскиот градоначалник неодамна со потпис се обврза на нула толеранција за коруптивно однесување во институциите кои се под негова надлежност:

  • Потпишав Декларација против корупција, која што верувам дека е еден убав поттик и за сите останати градоначалници и за сите раководни функционери во Р.Македонија да ја потпишат, со што ќе гарантираме дека ќе работиме и чесно и во интерес на сите граѓани, изјави Благој Бочварски, градоначалник на Штип.

Инаку, во земјите од регионот, кога во прашање е борбата против корупцијата, најдобро стои Словенија која е на 34 место; Хрватска на 57; Србија на 77; Босна и Албанија на 91 и Македонија на 107.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.