ПОПИСОТ ЗАВРШУВА ДЕНЕСКА

ПОПИСОТ ЗАВРШУВА ДЕНЕСКА
септември 30 10:22 2021

Денеска завршува пописот на населението, домаќинствата и становите и според последните изјави од Државниот завод за статистика (ДЗС), нема да се бара негово продолжување.

Директорот на ДЗС, Апостол Симовски, вчера изрази уверување дека пописот ќе заврши во законскиот рок и потврди дека досега немаат побарано продолжување.

„Нас ни е битно да бидат опфатени сите објекти за домување. Ние имаме своја технологија по која го следиме процесот и ќе знаеме дали и кога точно ќе го завршиме процесот. Согласно сегашните процеси, очекуваме и уверени сме дека ќе завршиме во законскиот рок“,

изјави Симовски за МИА.

Според последните достапни податоци, заклучно со вторникот (28 септември) до 20 часот, во земјава попишани се 1 760 194 лица, 546 080 домаќинства и 789 406 станови. Од дијаспората, пак, можноста за самопопишување ја искористиле 201 247 граѓани.

Пописот започна на 5 септември, а последната недела од пописните активности надлежните дадоа и можност граѓаните кои не се попишани во нивните домови зашто не биле дома кога таму бил попишувач или од други причини, да се попишат во општинските или канцелариите на ДЗС, кои се достапни ТУКА.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.