ПИСМА: НИКОЈ НЕМА ИНТЕРЕС ЗА СКЕЈТ ПРАКОТ ВО БЕРОВО.

ПИСМА: НИКОЈ НЕМА ИНТЕРЕС ЗА СКЕЈТ ПРАКОТ ВО БЕРОВО.
јануари 05 22:16 2021

Интересот за скејт културата меѓу младите во Берово, бележи пораст во последните неколку години.Скејт паркот кој беше направен токму за таа цел, каде маладите се собираа и секојдневно вежбаа секакви егзибиции, веќе цела година е оставен со скршени подлоги и претставува проблем за младите кои се занимаваат со скејтбординг.

До нашата редакција пристигна писмо од наши млади читатели, кои сакаат да апелираат за ситуацијата со скејт паркот и неможноста нормално да се развива оваа култура.

  • Сакаме да истакнеме дека, нашето скејт место во Берово веќе цела година е во очајна состојба.Не можеме нормално да возиме, бидејќи како што гледате на сликите, елементите се во лоша состојба, полека се се распаѓа, а попуштаат подлогите и на другите делови во паркот.Најголемата причина за тоа се временските услови бидејќи подлогите се од дрво во комбинација со метал, па откако е направен никој ништо не презема.Порано понекогаш се пуштаа и рефлекторите на скејт паркот, веќе заборавивме на нив иако ги има џабе се тука кога не се пуштаат.Сите поминуваат од тука, секој ја гледа сликата на скејт паркот, но никој не реагира.Бројот на млади кои сакаат да се занимаваат со скејт бординг, полека но сигурно се намалува, баш поради негрижата на институциите и молчењето на граѓаните.Веруваме дека поправката не кошта многу, па се надеваме дека ќе се најде некој, да го поправи скејт паркот, за да можеме повторно како порано да другаруваме и да возиме скејтборд.
  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.