ПИСМА: МАЈКИТЕ НА ПОРОДИЛНО ОТСУСТВО, БАРААТ НЕГОВО ПРОДОЛЖУВАЊЕ ПОРАДИ СИТУАЦИЈАТА СО КОВИД 19.

ПИСМА: МАЈКИТЕ НА ПОРОДИЛНО ОТСУСТВО, БАРААТ НЕГОВО ПРОДОЛЖУВАЊЕ ПОРАДИ СИТУАЦИЈАТА СО КОВИД 19.
април 14 17:48 2021

Во нашата редекација пристигна писмо од мајките кои се на породилно отсуство, во кое се вели дека поради состојбата со пандемијата Ковид 19, бараа да им се продолжи истото.Тие во дописот ги наведуваат сите причини и проверени информации, а исто така писмото го испратиле и до министерката за Труд и социјална политика Јагода Шахпаска, од која сеуште немаат одговор.

Во продложение во писмениот допис се вели:

Почитувани,

Ние, мајките, кои сме на породилно отсуство, согледувајќи ја сегашната реална ситуација со Ковид пандемијата во нашата држава, бараме да ни се продолжи платеното породилно отсуство. Во продолжение ги наведуваме сите причини, елаборирани со соодветни проверени информации:

1. Градинките работаат со намален капацитет согласно препораките од Комисијата за заразни болести, донесени во септември 2020-та година. Тоа значи дека групите кои дотогаш биле оформени беа редуцирани, а нови деца не се примаат воопшто поради недостиг на кадар (воспитувачки), недостиг на простор и време. Во сите градинки за упис на нови деца се чека долг период (минимум 3 месеци до 1 година), се прават листи за чекање и не се знае кога ќе се отвори слободно место. Новите градинки кои се направени во одредени села низ РМ немаат никакво влијание на бројот на деца кои чекаат да бидат примени во големите градови.

2. Голем дел од мајките немаат никаква опција за чување на детето. Сопругот е во работен опднос, баби/дедовци не се присутни во истиот град и/или се во работен однос, приватните градинки се со нереално високи цени, најмување дадилка е исто така скапа варијанта а и потенцијално опасна за ширење на вирусот.

3. Во 2020-та година, во време на најголемиот пик (кој е помал од овогодинешниот, моментално го живееме најголемиот пик!) беше донесен пакет мерки во кој беше вклучено продолжување на платеното породилно отсуство, поради причини кои сега не само што се повторно актуелни туку и сериозно загрижувачки.

4. Масовната имунизација во нашата држава е неодамна започната и се вакцинираат само приоритетни групи. Сеуште нема започнато прецес на имунизација и на другите граѓани, не се знае кога и колку ќе има достапни вакцини за да се вакцинираат сите граѓани и тој период моментално не е познато колкав ќе биде, дали месеци или години.

5. Во време на рестриктивни мерки како полициски час, затворање на голем број објекти (угостителски објекти, теретани, кладилници,…) не е воопшто прифатливо да се пуштат бебиња со 9 ± месеци во градинка, затоа што нивниот имунитет е кревок, несозреан и недоразвиен.

6. Многу од мајките се принудени да дадат отказ од своите работни места што има значително влијание врз финансиската и здравствената состојба на целото семејство. Во многу семејства само мајката е во работен однос со што се покриени здравствените и пензиските обврски па целото семејство се води на мајката. Доколку мајката го изгуби работното место целото семејство ќе остане без здравствено осигурување.

7. Согласно најновите изјави и статии од македонските специјалисти педијатри, вработени во здравствените установи, се повеќе деца се хоспитализирани на клиниките, поради компликации од Ковид, и тоа со средна до тешка клиничка слика. Ова покажува дека претпоставката која беше актуелна минатата година, дека децата го поминуваат лесно вирусот, не е веќе точна, односно новиот британски сој на Ковид вирусот ги напаѓа и децата и остава сериозни последици по нивното здравје. Сите овие барања се реални и засновани на континуирано загрижувачката Ковид ситуација во нашата држава. Поради тоа, ние мајките, бараме да ни се продолжи платеното породилно отсуство, во период додека да се стабилизира Ковид ситуацијата во нашата држава, а за тој продолжен период сме согласни да земаме намалена сума за породилно односно 80% од досегашната сума, со цел да не го оптеретуваме буџетот. Се надеваме дека ќе го разгледате нашето барање и ќе ја донесете правилната одлука за продолжување на платеното породилно отсуство.

Со почит, Мајките на породилно отсуство, Април 2021

  Категории:
напиши коментар

1 коментар

  1. Marija
    април 14, 21:59 #1 Marija

    Dajtemi prolseno porodilno gradinkive rabotat so mal kapacitet jas sum na lista na cekaje vo ohrid sum samohrana majka veke4 meseci nemam koj da mo gi vardit sum sama ve molam da ni pognete vo pademija kovit 19 devetnaset

    Reply to this comment

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.