ПИСМА:ТИРЗ БЕРОВО, НАМЕСТО СО ФАБРИКИ, ПРЕТВОРЕНА ВО ДЕПОНИЈА.

ПИСМА:ТИРЗ БЕРОВО, НАМЕСТО СО ФАБРИКИ, ПРЕТВОРЕНА ВО ДЕПОНИЈА.
јануари 24 21:58 2021

Технолошко-индустриската развојна зона Берово, која беше изградена во 2015 година и потрошени огромни средства во висина од половина милион евра, требаше да придонесе нови вработувања на 200 до 300 граѓани и развој на нашиот регион со отварање на неколку фабрики.Сепак, до сега ништо не е направено и никој ништо не превзема во врска со ова прашање.

Единствената промена на ова место овие години е дивата депонија која се создала од човечкиот фактор, извадените капаци од шахтите, извадените решетки и расфрланиот градежен шут и сакокаов друг отпад наоколу.

До нашата редакција пристигна писмо во кое загрижени граѓани алармираат на како што велат страшната слика на ова место, која не може а да не ја видите кога се движите на патот Берво-Струмица. Индустриската зона се наоѓа на месноста Шушлевец, а од честата пракса на фрлањето смет токму тука, се создаде дива депонија поради несовесноста на граѓаните.

Во писмото нашите читатели велат:

  • Во едно не така далечно време, во предвечерието на едни избори од десната страна на патот од Берово за Струмица, каде што завршува урбаниот населен дел од градот, или на Шушлевец, се собра народ, видни локални политичари и нивните војници, од највисокиот врв лидери и носители на високи јавни функции и партиски и непартиски служители и медиуми. Трештеше музика на сите страни, бели чаршафи и импровизирани шведски маси со секакви пијалоци и мезиња, озарени и пресреќни фаци…се ставаше темелник на нова индустриска зона, најавена како значаен фактор за унапредување и развој на овој дел од истокот на земјата. За кус временски период потоа, се направија некои слепи куси патишта со поплочени тротоари, со регулирани текови на атмосферската вода, се фрлија многу пари и се застана. Сега е депонија, огромна депонија . Металните шахти на повеќе места се украдени, како и делови од плочките на тротоарите кои на повеќе места се затрупани од свечена земја и камења. Трокракиот асфалт што нема почетокот и никаде не води е затрупан со се и сешто. Ова е слика на нашата заедница, ова сме ние. Од индустриската зона ни трага. Депонијата преку ноќ расте се повеќе и повеќе. Фрлени се многу пари и се е оставено на забот на времето. Бесмислено е да повикуваме некој на одговорност нека се пронајде секој што може да се пронајде во овој грд одраз на нашата реалност.

Редакцијата на Малеш Нет пред неколку месеци ја отвори темата за дивите депонии во околината на Берово, каде беше спомната и депонијата на дадената локација, со што општинските служби почнаа со чистење, но изгледа работата некаде заглавила. Со овој пост сакаме да го прашаме градоначалникот Пекевски и комуналните служби, кога ќе продолжат со чистењето на дивите депонии и воеедно упатуваме прашање до градоначалникот да ни одговори на сите нас граѓаните, Што се случува со ТИРЗ Берово…..

Фото галерија од моменталната слика на ТИРЗ Берово.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.