ПИСМА:МОСТОТ НА ПАТНИОТ ПРАВЕЦ УМЛЕНА-ЧИФЛИК СЕ РАСПАЃА,ЖИТЕЛИТЕ РЕВОЛТИРАНИ.

ПИСМА:МОСТОТ НА ПАТНИОТ ПРАВЕЦ УМЛЕНА-ЧИФЛИК СЕ РАСПАЃА,ЖИТЕЛИТЕ РЕВОЛТИРАНИ.
март 03 14:51 2021

Во нашата редакција пристигна писмо од жителите на с.Умлена, кои како што велат стравуваат да патуваат на патниот правец спрема с.Чифлик и Пехчево, бидејќи мостот кој се наоѓа на ова место во секој момент може да се сруши.Веќе одреден период ситуацијата која е лоша гледка претставува опасност за населението, па мештаните бараат итна интервенција за да не дојде до несакани последици.

  • Скоро една година ситуацијата со мостот на овој правец ни преставува опасност во движењето.Со топењето на снегот и влажната почва, полека пропаѓа мостот и прашање на време е кога ќе се сруши.Мостот е изграден далечната 1975 година, но проблемот е тоа што не е ставена арматура и сега ни демнее опасност од негово пропаѓање.На овој мост може некој да загине, потребна е итна интервенција и реакција од општинските служби.
  • Градоначалникот на Пехчево е запознаен со случајот.Неговиот одговор е дека се спрема документација за поправка на мостот, но веќе повеќе од пола година чекаме.Толку ли долго се спрема документација.Мислиме дека си поигрува со нас.Нели градоначалниците ги поставуваме да работат во служба на граѓаните.Исто така во програмата на градоначалникот на Пехчево имаше ветување дека ќе го рехабилитира патниот правец с.Чифлик спрема с.Умлена, но ништо од тоа.Дојдете или само поминете на овој правец да видите само во каква состојба е патот.Ако овој мост се сруши, ние жителите од Умлена треба преку с.Робово да кружиме за да стигнеме до Пехчево.Нема веќе смисла тоа.Апелираме до градоначалникот, под итно да превземе мерки за реконструкција на мостот ако е можно, со цел да не се случи некоја несреќа.Се надеваме дека преку вашиот портал тоа ќе допре до општинските власти во Пехчево и наскоро со документацијата која што ја спрема градоначалникот веќе една година ќе се поправи овој мост.Ви Благодарам.
  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.