Пелетите стануваат неисплатлив начин на греење, цените стигнаа до 300 денари за вреќа од 15 килограми

Пелетите стануваат неисплатлив начин на греење, цените стигнаа до 300 денари за вреќа од 15 килограми
ноември 27 11:37 2021

Оваа година греењето на пелети драстично поскапе, ако минатата година вреќа од 15 килограми можеше да се по цена од 160 до 200 денари, сега тие на бензинските станици се продаваат по 300 денари по парче, додека во малопродажниот ланец најевтините се околу 260 денари за парче, анализира Biznispro.com.

Ако едно семејство затоплува дом од 50-60 квадрати, за десетина часа би потрошил една вреќа пелети, така според пресметките месечно ова семејство би потрошило 9.000 денари за овој начин на греење, што е премногу, имајќи го во предвид стандардот.

Доколку се работи за поголеми простори со користење на котел за пелети и систем на парно греење, потрошувачката на пелети е двојна, ако не и повеќе.

Овие изгор цени буквално ги откажуваат граѓаните кои немаат можност или не се приклучиле на централно греење од купување на печки на пелети и повторно ги враќаат на греење на дрво, што е најисплатливо.

Забележан е и посебен интерес за инвертер клими кои сега во земјава се по многу подостапни цени од порано, но сепак евентуално поскапување на струјата би значело дека и овој начин на греење е поскап, пишува Biznispro.com.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.