ПЕКЕВСКИ ПОВТОРНО НАЈАВИ НАСКОРО РЕНОВИРАЊЕ НА СКЕЈТ ПАРКОТ ВО БЕРОВО.

ПЕКЕВСКИ ПОВТОРНО НАЈАВИ НАСКОРО РЕНОВИРАЊЕ НА СКЕЈТ ПАРКОТ ВО БЕРОВО.
јуни 05 18:41 2021

Го потсетивме градоначалникот Пекевски по иницијативата на порталот Малеш Нет, на неговото ветување за реновирање на Скјет паркот во Берово, кој требаше да започне во месец март, но до овој момент нема никакви активности за негово обновување.

Еве го неговото ветување со кое на 9 Јануари годинава излезе со соопштение до јавноста.

Почитувани граѓани. Скејт паркот во Берово, кој беше изграден пред неколку години, креира нова супкултура и урбана димензија кои му додадоа уште поголема привлечност и убавина на најубавиот град, Берово. Млади луѓе се забавуваат и уживаат во него, тој ја дополнува глетката на сите кои ќе поминат покрај него на убава прошетка по кејот. Но паркот веќе некое време остана вандализиран и со искршени елементи од несовесни граѓани кои можеби и не знаат подобар начин на комуникација со општеството, граѓаните, соседите и луѓето околу нив освен реакција на насилство, но тоа е сосема друга тема, нема да навлегуваме денес во неа.Ние сме тука да градиме, да унапредуваме, да создаваме услови за подобар и поквалитетен живот на граѓаните во нашата општина.По минатонеделната правилна реакција на еден локален медиум и граѓани директно засегнати од користењето на паркот сакам да известам дека паркот секако е планиран за брзо реновирање и враќање во првобитната атрактивна состојба спремен за користење. Во план е реновирањето да се изведе во месец март со почетокот на пролетта со цел да ги избегнеме зимкските неприлики кои и да го реновираме веднаш ќе влијаат врз неговата состојба и квалитетот на користењето и уживањето во него. Со доаѓањето на пролетта кога Берово е прекрасно, ќе имаме и нов реновиран скејт парк кој само ќе ја дополнува убавината на целиот град – вети градоначалникот Звонко Пекевски.

На нашето прашање кога ќе се реализира неговото ветување, градоначалникот Пекевски истакна дека наскоро започнува неговото реконструирање, па се надеваме дека овој пат конечно ќе се започне реконструкцијата на Скеј паркот кој во овој период од годината е скојдневно полн со млади и љуубители на скејтингот.

Во продолжение одговорот на Пекевски на упатеното прашање од наша страна.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.