Пасијата на беровката Милка го чува од заборав симболот на Малешевијата.

Пасијата на беровката Милка го чува од заборав симболот на Малешевијата.
март 10 21:56 2018

Пасијата на беровката Милка го чува од заборав симболот на Малешевијата. Традиционалната изработка на малешевски ракотворби од волна или волница,ткаени или плетени, за Милка е страст и мерак, а се што сработила е изложено во нејзиниот дом претворен како изложбен салон на домашните ракотворби.

  • Изработувам блузи, калци, шалови черги, поентес миљиња, чаршави плетени на една игла. Имам и разбој, ткаам и на него, сновам, навивам. Тоа ми е желба, па некогаш тоа може и да се исплати, вели Милка Биковска.

Умешноста на изработка на овие ракотворби, таа ја научила од нејзината мајка, баба и сега додека ја чека пензијата, таа се посветува максимално креирајќи нови модели, адаптирајќи го старото со модерните трендови. Но, исклучително за неа е што низ сите фази на нивната изработка не ја мотивира толку продажбата, колку љубовта кон ракотворбите.

  • Многу слабо купуваат, порано изложував , но само време се губи. Не ме бива за продавање, јас можам само да го направам, истакна Биковска.

Но, сепак, салонот на Милка, лесно го наоѓаат странците кои ги обожават овие ракотворби.

  • Имаше едни странци во хотел Манастир и сакаа да ги научам да плетат, па ги донесов овде и се изнакупија што имав направено, рече Биковска.

Туристки од Америка и Англија во Берово, го открија и салонот на домашни ракотворби на Милка. Нивното воодушевување од производите беше големо.

  • Прекрасно, ова е навистина многу прекрасно. Интересно е да се видат вакви ракотворби, по светот ги има многу ретко, вообичаено се се произведува фабрички во Кина, изјави турист од Америка.
  • Многу е прекрасно. Вакво нешто не може да се види во Англија, бидејќи ние го изгубивме занаетчиството. Ова е навистина уникатно, рече турист од Англија.

Малешевијата е позната по многу уникатни нешта, меѓу нив се и малешевските традиционални ракотворби кои често се изложуваат по саеми или на локални штандови.Како Милка има уште неколку жени кои ја чуваат од заборав оваа традиција, иако претходниот период имаше многу обуки, рабтилници, формирање здруженија кои ќе го подигнат ова производство на повисоко ниво, сепак, денес, сетоа тоа како да е минато, па животот на малешевските ракотворби е оставен само вештите раце на уникатните малешевски жени.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.