(ВИДЕО) ОТКРИЕН СПОМЕНИКОТ ВО ЧЕСТ НА НАШИТЕ ХЕРОИ,ЗОРАН БУБЕВСКИ,НИКОЛА ПЕХЧЕВСКИ,ДИМИТАР ДВОЈАКОВСКИ И ЉУПЧО МИРЧОВСКИ.

(ВИДЕО) ОТКРИЕН СПОМЕНИКОТ ВО ЧЕСТ НА НАШИТЕ ХЕРОИ,ЗОРАН БУБЕВСКИ,НИКОЛА ПЕХЧЕВСКИ,ДИМИТАР ДВОЈАКОВСКИ И ЉУПЧО МИРЧОВСКИ.
јуни 23 14:05 2021

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски, претседателката на Одборот за подигање на спомен обележје, претставници од Владата на Република Северна Македонија, претставници од Одделот за специјални полициски операции и семејствата на бранителите присуствуваа на откривањето на спомен обележје во чест на четворицата македонски бранители од Берово кои ги положија своите животи во конфликтот од 2001 година: Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски и положија цвеќе во знак на сеќавање и почит кон нив.


,,Денешниов чин претставува една благородна идеја на локалната власт, на беровци, која што доживеа своја реализација, и преку која сакаме сите ние уште еднаш да им се поклониме и да го овековечиме споменот за нашите херои, чии животи се вградени во темелите на нашава земја. Впрочем, нашата држава е создадена и постои благодарение на безрезервната жртва дадена од многу нејзини херои, патриоти, наши браќа, синови, сопрузи, татковци, другари … Не постои поголема вредност, поголема доблест од тоа да се стави сопствениот живот на браникот на татковината, акт длабоко вткаен во опстојувањето на една држава. Всушност, сето она што сме го имале и го имаме им го должиме на нашите херои“, рече во своето обраќање пред присутните министерот Спасовски.

,,Неизбришлив е споменот на тие наши великани кои со своето највеличествено дело и залог – сопствениот живот – оставија вечна трага и свое место во историјата, но и во иднината на генерациите што доаѓаат. Наша должност и аманет пред нив е, да го чуваме, да го негуваме и да го пренесуваме сето она што тие го оставија зад себе како наследство за што сме им вечно благодарни. Нека им е вечна слава!“, го заврши своето обраќање пред присутните министерот Спасовски.

Градоначалникот на Берово на денешниот настан истакна дека спомен обележјето во чест на нашите херои претставува нешто скапоцено и во чест на нив оддавањето почит ќе биде одбележувано секоја следна година.

-После 20 години од конфликтот во 2001 година од загинувањето на бранителите од Општина Берово изработивме спомен обележје во чест на нив при што секоја следна година во нивна чест ќе биде одбележувано од страна на општината и МВР со што треба да дадеме почит на она што претставува скапоцено, а кои некој го оставија за да идните генерации да живеат во мир и спокој.

Исто така на настанот беа доделени плакети,макети и благодарници на дел од присутните.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.