ОПШТИНА БЕРОВО ГО УСВОИ БУЏЕТОТ ЗА 2021 ГОДИНА.

ОПШТИНА БЕРОВО ГО УСВОИ БУЏЕТОТ ЗА 2021 ГОДИНА.
декември 29 22:49 2020

Советот на општина Берово, на денешната седница со девет гласови за и шест воздржани, го усвои буџетот на општината за 2021 година, кој е проектиран на 298 милиони и 686 илјади денари..

Како што информираше градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, Буџетот на Општина Берово за 2021 година е развоен па со предвидената проекција ќе има поголем развој и реализација на капитални проекти од сферата на комунални и инфраструктурни проекти, водоснабувањето како и изградбата на локални патишта.

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ пак на денешната седница не даде поддржка на буџетот за 2021 година, бидејќи како што истакнаа предложениот буџет не го подобрува квалитетот на животот на граѓаните на Берово и додадоа дека со неоткжувањето на непродуктивните трошоци и предвидените партиските вработувања од страна на власта и понатаму Општината во оваа тешка ситуација ќе остане во карантин.

На последната седница за оваа година Претседателот на советот на Општина Берово исто така го оцени развоен буџетот за 2021 година, заблагодарувајќи се на советниците за нивната конструктивна работа.

Во рамките на процесот на изготвување на Буџетот на Општина Берово за 2021 година, земени се во предвид, истакнатите проблеми на граѓаните, кои беа доставени по објавен повик, по приоритет.

Инаку претходно за изготвувањето на Буџетот, му претходеа предлози од граѓаните, неформални средби со граѓаните , на кои што беа истакнати нивните приоритети и потреби.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.