ООУ “НИКОЛА ПЕТРОВ РУСИНСКИ” ГО ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА ПРОЛЕТТА

ООУ “НИКОЛА ПЕТРОВ РУСИНСКИ” ГО ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА ПРОЛЕТТА
март 23 11:57 2022

Со низа активности, учениците од  ООУ „Никола Петров – Русински“   го одбележаа Денот на пролетта  и  Денот  на  екологијата.

Учениците од осмо одделение извршија презентација на еколошки весник, учениците од одделенска настава, преку училишниот разглас, организираа литературно читање на тема екологија и пролет, а во училишниот двор, заеднички сите засадија садници, пренесувајќи пораки за зачувување на природата и животната средина и грижа за зелените површини.

Целта на оваа активност е  подигнување на еколошката свест и култура на граѓаните, како и давање свој придонес  за почиста околина и поздрава средина.

Им благодариме на сите ученици што покажаа интерес и се вклучија во поддржката за зачувување на животната средина.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.