ООУ,,Дедо Иљо Малешевски” учесник на трансграничен семинар “Зелен Еразмус+” во Сандански Р.Бугарија

ООУ,,Дедо Иљо Малешевски” учесник на трансграничен семинар “Зелен Еразмус+” во Сандански Р.Бугарија
мај 21 11:09 2022

Директорката на ООУ,,Дедо Иљо Малешевски” Наташа Аврамска во перидот 18-20ти мај беше дел од трансграничен семинар ,,Зелен Еразмус+” кој се оддржа во Сандански Р. Бугарија.

Настанот беше организиран од Националните агенции за европски образовни програми и мобилност на Р.С. Македонија и Р. Бугарија како дел од меморандумот за соработка помеѓу двете Национални агенции.  На настанот присуствуваа организации и образовни институции кои се корисници на програмата Еразмус+ и работат на полето на зелена агенда. Директоракта имаше кратко претставување на училиштето и проектите кои ги работат.

Вмрежувањето и споделувањето на добри практики и искуства со проекти е навистина важно за заедничко делување во борбата за заштита на животната средина и практикување на зелена агенда. Семинарот го отворија директорите на двете национални агенции Марко Горѓиевски и Михаил Балабанов и на истиот присустуваа над 50тина учесници.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.