ООУ„ДЕДО ИЉО МАЛЕШЕВСКИ“ ДОМАЌИН НА ГОСТИ УЧЕСНИЦИ ОД ШЕСТ ДРЖАВИ НА ЕРАСМУС+ПРОЕКТОТ НА ТЕМА „ГРАДИМЕ ИНTЕРКУЛТУРНИ МОСТОВИ“

ООУ„ДЕДО ИЉО МАЛЕШЕВСКИ“ ДОМАЌИН НА ГОСТИ УЧЕСНИЦИ ОД ШЕСТ ДРЖАВИ НА ЕРАСМУС+ПРОЕКТОТ НА ТЕМА „ГРАДИМЕ ИНTЕРКУЛТУРНИ МОСТОВИ“
мај 09 18:55 2022

Во рамки на Ерасмус + проектот на тема ,,Градиме интеркултурни мостови” поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски”-Берово оваа седмица е домаќин на ученици и наставници од Турција, Италија, Португалија, Грција и Романија.Со културно уметничка програма; денес во холот на училиштето, топло добредојде на гостите им приредија учениците од нашето училиште, со што 35 членови од шесте држави имаа можност да се запознаат со македонската култура и малешевските ора и танци.

-ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски”- Берово оваа седмица е домаќина на Ерасмус + проектот поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.Темата на проектот е ,,Градиме интеркултурни мостови”.Од самиот почеток за топло добредојде на гостите им приредивме културно уметничка програма, после тоа во холот имаме работилници, а исто така имаме активности на спортските терени.Вклучени се гости од 35 учесници во кои има ученици и наставници и секако упатувам благодарност до моите вреботени во училиштето кои учествуваат во сите актвивности, а имаме вклучено вкупно 100 учесници со цел да ги споделиме активностите со останатите држави – истакна Наташа Аврамска, директор на ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски”.

Учесниците гости исто така во неколку групи учествуваа во работилница, каде главната задача беше да изработат интерклутурни мостови на пријателство, а во склоп на спортските активности беа презентирани спортски игри од секоја држава посебно, каде учениците под водство на своите ментори успешно ги презентираа истите.

Координаторот на проектот за Република Турција, Мине Монопулас истакна дека прв пат е во Берово и дека се осеќа како дома, додека целта на проектот е дружење Наставниците пак

-Целата на овој проект е дружење и запознавање со културата на другите народи.Ова е петта мобилност по ред од овој проект,последната мобилност е во Турција.Многу ми се допаѓа Берово и многу сум среќна што сум тука.Се чувствувам истот како дома – рече Мине Монопулас.

Останатите наставници од неколкуте држави кои се учесници на проектот, изразија огромно задоволство од пречекот од страна на нашето училиште, а посебен впечаток имаат за убавините на градот Берово, кои во следните неколку дена подетално ќе имаат можност да се запознаат со позитивната приказна и туристичките локалитети во градот.

-На проектот учествуваме со 7 ученици и двајца наставници.Многу ми се допаѓа Берово, бидејќи е стар град и е многу сличен на моето место од каде што доаѓам и се чувствуваме многу убаво овде – рече Димитриос Келемс наставник од Грција.

-Јас сум Јулијана координатор на проектот од Романија, исто така сум и директор на ушилиштето во Романија.Овде сум заедно со друга колешка и ученици.Втор пат доаѓам во Македонија но прпат во Берово.Овој проект е за да споделуваме практики и многу ни е убаво – рече Јулијана Леуштеан координатор на проектот од Романија.

-Овде сум за да ја претставувам Италија, наставник сум по англиски јазик и тука сум со една друга колешка и неколку ученици.Ми се допаѓа Берово, ми се допаѓа Македонија и се надевам дека ќе успееме да изградиме мостови како што е името на проектот – Ирене Басиле наставник од Италија.

Јас сум Елизабете Франциско од Португалија и многу сме среќни што сме овде и училиштетот ви е премногу убаво.

Во чест на денешниот ден 9 Мај Денот на Европа, од страна на учесниците заеднички беа заседени дрвца во училишниот двор, посебно за секоја држава учесник , со цел мир во целиот свет

Во рамки на проектот ова петта мобилност во Берово, додека последната мобилност е во Турција каде учесници од ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски”-Берово , во јули месец ќе присуствуваат на последната активност од овој проект.

Инаку ова е трет Ерасмус проект на нашето училиште ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски”-Берово, со вкупно 13 мобилности во различни држави, каде што заминуваат ученици и вработени, што покажува голем успех за училиштето во следење на европските трендови.

Во продолжение видео од целиот настан:

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.