Околу 150 организации од Македонија и Бугарија денес во Делчево бараа партнери за ИПА проекти.

Околу 150 организации од Македонија и Бугарија денес во Делчево бараа партнери за ИПА проекти.
март 14 19:20 2018

Околу 150 организации од Македонија и Бугарија денес во Делчево бараа партнери за ИПА проекти. Оваа Програма е од интерес на целиот регион, посебно за општините од овој дел на Република Македонија.

Истата нуди можност за аплицирање во делот на животната средина, одржлив туризам и конкурентност, но и придонесува за интензивирање на меѓусекторската соработка на двете страни од границата:

  • Овие средби ги организираме за секој еден повик и еднаш се одржуваат во Македонија, а еднаш во Бугарија и овде имаат сериозни можности за партнерства. Настанот ќе ги претстави главните принципи на партнерство и предусловите за успешна и плодна соработка. Покрај тоа, учесниците ќе имаат можност да ги претстават своите проектни идеи и да добијат дополнителни насоки за тоа како да ги реализираат, изјави Николај Дончев раководител на Заедничкиот секретаријат на Interreg-ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија.

Голем дел од заинтересираните страни, овде дојдоа со конкретни идеи, за чија реализација им е неопходен партнер од другата страна на границата:

  • Ова нуди одлична можност да ги преземтираме своите идеи и да најдеме соодветна организација за нивна реализација, кажа Дивна Јанкова, претставник на НВО од Куманово.
  • Ние работевме ИПА проект и минатата година, планираме да работиме и оваа. Бараме организација која има проекти од областа на туризмот, рече Зејнел Реџепов, претсатвник на НВО од Делчево.

Повикот е отворен во јануари , а ќе трае до мај:

  • Последниот рок за аплицирање по овој повик е 11 мај, а фондот на повикот е 7 милиони евра, изјави Тони Јакимовски, експерт за односи со јавноста во Заедничкиот секретаријат.

Денешниот настан беше во  организација на Заедничкиот секретаријат на Interreg-ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2014-2020.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.