ОД УТРЕ СЕ НАМАЛУВА ОГРАНИЧУВАЊЕТО НА ДВИЖЕЊЕТО.

ОД УТРЕ СЕ НАМАЛУВА ОГРАНИЧУВАЊЕТО НА ДВИЖЕЊЕТО.
април 22 17:02 2020

Почнувајќи од утре 23 април се намалуваат рестрикциите на движењето, објави премиерот Оливер Спасовски на својот фејсбук профил. Според заклучоците на владината седица секој работен ден, од понеделник до петок ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 19:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 19 часот и ќе трае до 05 часот наутро.

За лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење секој работен ден од 05 часот наутро до 12 на пладне.

Младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од понеделник до петок од 13:00 до 19:00 часот.

Владата одлучи да се намали и ограничувањето на движење за време на викендите. Од сега забраната за движење за викенд ќе почнува од 15:00 часот во сабота, а ќе трае до понеделник до 05:00 часот наутро.

Во сабота, за лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот наутро. Во сабота, младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од 12:00 до 15:00 часот.

  Категории: