ОДРЖАН ФОРУМ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ И МЕСНИТЕ ЗАЕДНИЦИ ЗА ДЕФИНИРАЊЕ НА ПРИОРИТЕТИ ВО ОПШТИНА ПЕХЧЕВО.

ОДРЖАН ФОРУМ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ И МЕСНИТЕ ЗАЕДНИЦИ ЗА ДЕФИНИРАЊЕ НА ПРИОРИТЕТИ ВО ОПШТИНА ПЕХЧЕВО.
октомври 27 00:18 2018

На 25.10.2018год. се одржа првата форумска сесија која е дел од проектот ,,Заедно за развој на општината” Форумската сесија се одржа во кафе бар ,,Ким”-Пехчево со почеток од 15:00h, а на истата беа присутни претставници од локалната самоуправа, месните заедници, граѓанскиот и бизнис секторот и млади.

На оваа форумска сесија претставници од локалната самоуправа го презентираа процесот и структурата на буџетот на општина Пехчево. Исто така присутните имаа можност да разговараат заедно со градоначалникот на општина Пехчево за тековните, но и планираните активности и проекти, но и за нивните идеи кои се од особено значење за локалното население, а се во склоп на буџетот на општина Пехчево.

На крај се формираа работни маси на повеќе теми кои имаат обврска да подготват и дадат предлог проекти кои се значајни за нив и локалното население од кои на последната форумска сесија ќе бидат изберени приоритети за 2019година.

Главна цел на овој проект е да се вклучат граѓаните во креирањето и донесувањето на јавните политики на локално ниво, но исто така и остварување на контакт помеѓу сите засегнати страни, се со цел за подобро функционирање на локалната власт. Во периодот октомври-ноември 2018г. ќе бидат организирани уште две форумски сесии, со цел  да се воспостави двонасочна комуникација помеѓу засегнатите страни и заеднички да се дефинираат дел од приоритетите на општината за 2019 година .

Проектот ,,Заедно за равој на општината”  го реализира Здружението за лековити билки и шумски плодови ,,Амброзија”-Пехчево во партнерство со општина Пехчево, во рамки на  проектот ,,Граѓанските организации во служба на локалната демократија”, кој го спроведуваат  АЛДА Скопје, Европско движење Македонија и Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавни претпријатија, со финансиска поддршка на Европската унија преку ИПА 2 инструментот. Проектот се имплементира во период од 12 месеци, почнувајќи од месец март 2018 година со буџет од 8.000 евра.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.