Одржан состанок во врска со иницијатива за прогласување на заштитено подрачје ,,Малешево”.

Одржан состанок во врска со иницијатива за прогласување на заштитено подрачје ,,Малешево”.
февруари 18 18:52 2021

Во просториите на Општина Берово, денес се одржа состанок на инволвираните страни, во врска со иницијатива на двете општини Берово и Пехчево, за прогласување на заштитено подрчје ,,Малешево”, на пределот на Малешевски планини и Влаина. На состанокот присуствуваа Градоначалниците на Општина Берово и Општина Пехчево. Присутен на состанокт беше и Државниот секретар во министерство за животна средина и просторно планирање – Каја Шукова, заедно со претставници од МЖСПП, претставници од ПЗП Фармахем и претставници од Македонско еколошко друштво. На состанокот е разговарано, под кои услови може да се прогласи овој предел за заштитено подрачје, од која категорија, на кој начин истото ќе биде управувано, согласно постоечките стратегии и позитивни законски прописи. На состанокот произлезе продуктивна дискусија од сите присутни, при што договорена е динамика за натамошно продолжување со активностите, со организација на технички состанок за усогласување и дефинирање на сите недефинирани состојби, со заедничко прифатливо решение и заземање на дефинитивен став, за продолжување на постапката. На состанокот е заземен став, за активно вклучување на сите чинители и инволвирани страни, со цел да се изнајде најприфатливото решение, кое нема да предизвика незадоволство кај локалното население а од друга страна ќе биде од големо значење за општините Берово и Пехчево, со единствена цел зачувување и успешен менаџмент на природните богатства од регионот.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.