ОДРЖАН БОЖИЌЕН ТУРНИР ВО ПИНГ ПОНГ.

ОДРЖАН БОЖИЌЕН ТУРНИР ВО ПИНГ ПОНГ.
јануари 09 16:29 2021

Во прекрасна атмосфера и спортски амбиент, вчера членовите на пинг понг клубот од Берово, меѓусебе си ги одмерија силите на одржаниот Божиќен турнир.Под покровителство на една од најуспешните фирми во Берово „Трено Комерц“ во рамките на турнирот беа доделени и симболични награди на учесниците.Како што истакна тренерот Јован Ковачовски, овој турнир во пинг понг, претставува мотивација за членовите за уште поголеми тренинзи и работа а исто така целта е и подготовка за следниот период каде се планирани неколку турнири на државно ниво токму во Берово.

Членовите на клубот кои поради пандемијата беа во ограничен број, на сите им посакаа среќни новогодишни празници и упатија благодарност до покровителот на турнирот.

Инаку пинг понгот во Берово оди во нагорна линија, а за тоа сведочат големиот број награди и се поголемиот број заинтересирани млади Беровчани, кои сакаат да се занимаваат со овој спорт.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.