Одржана средба со претставници од Ромската заедница во рамките на проект ,, Штип и Берово заедно за подобрување на условите за живеење на ромските заедници”

Одржана средба со претставници од Ромската заедница во рамките на проект ,, Штип и Берово заедно за подобрување на условите за живеење на ромските заедници”
април 12 15:37 2022

Во рамките на проектот ,, Штип и Берово заедно за подобрување на условите за живеење на ромските заедници”, вчера во просториите на Општина Берово,  се одржа средба со корисниците на услугите  на проектот.

На средбата присуствуваа  раководителот на Одделението за локален економски развој, раководителот на Одделение за урбанизам,  локалниот координатор и проектниот менаџер, а се разговараше за потребните документи и услови за реализација на проектот.

Договорени се следни чекори, после кои ќе се пристапи со реализација на активностите за подобрување на животот на жителите Роми во Берово, од повеќе аспекти : домување, легализација, реконструкција на куќи, решавање на имотно правни односи и слично.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.