Одржана средба со граѓаните од Ромската заедница за проектот ,,Општините Штип и Берово заедно за подобрување на условите за живеење на ромските заедници”

Одржана средба со граѓаните од Ромската заедница за проектот ,,Општините Штип и Берово заедно за подобрување на условите за живеење на ромските заедници”
февруари 26 22:34 2021

Започнаа активностите од проектот ,, Штип и Берово заедно за подобрување на условите за живеење на ромските заедници”, чија главна цел е Унапредување во домувањето, образованието и економските можности за Ромите кои живеат во голема сиромаштија, преку подобрување нанивните услови за домување и пристап до социјални услуги.
Преку заеднички проект општините Берово и Штип, во соработка со Здружение за одджлив развој- Зелен Институт од Скопје,заеднички ќе работат на подобрување на условите за живот на ромската заедница, кој финансиски е поддржан од Европска Унија, преку Делегација на ЕУ во Скопје, во согласност со акциската програма за инклузија – ИПА 2 од 2019 година.

На 24.02.2021 година, во просториите на Општина Берово беше одржан состанок со граѓаните од ромската заеднца -претставници од семејствата, чии домови ќе бидат реконструирани согласно претходно извршена анализа и земајќи го во предвид материјалниот и социјален статус.
Беше извршена презентација на проектот, информирање на целната група за:
-Tекот на активностите,
-Временската рамка,
– Одредување на приоритет за реновирање на куќи,
– Правната рамка за процес на легализација на имот
– Динамиката на реализација на реновирањето
Проектот ќе биде имплементиран во период од 36 месеци (3 години), почнувајќи од оваа година. Вкупниот грант е во вредност од 895.400,00 евра, во кој 799.950,00 се средства од ЕУ, а општините Штип и Берово ќе учествуваат со сопствени средства во износ од 95.450,00 евра. Главни активности на проектот во општина Берово се :
Донесување на ДУП и ГУП во износ од 15 хектари во ромската населба;
Легализација на бесправно изградени куќи во сопственост на ромски семејства (25 кои имаат поднесено барање и 15 кои немаат поднесено барање за легализација);
Рехабилитација и реконструкција на 15 куќи на ромски смејества кои живеат во несоодветни и штетни услови;
Подобрување на инфраструктурата во ромската населба: Реконструкција на 250 м фекална канализација, поплочување на мали улици во износ од 70 до 100 м, приклучување на вода на 7 семејства кои не се приклучени, приклучување на струја на 5 семејства кои немаат пристап до електрична енергија, обезбедување на 7 контејнери и 120 индивидуални канти за отпад кои ќе бидат поделени во ромската населба
Притоа, за подобрување на условите за домување на ромската заедница во општина Берово, ќе биде инвестиран износ од 173.000,00 евра.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.