ОДРЖАНА КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА НА ОК ВМРО ДПМНЕ БЕРОВО.

ОДРЖАНА КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА НА ОК ВМРО ДПМНЕ БЕРОВО.
декември 20 20:40 2020

Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ Берово, денес во големата сала на Бизнис инкубаторот одржа конститутивна седница , на која новиот претседател Столе Кракутовски, ги претстави новото претседателство и новиот состав на членови на Општинскиот комитет кој брои 33 членови.

Со сите мерки и протоколи за заштита од пандемијата од КОВИД 19, на самата седница исто така беа претставени и новите претседатели на локалните партиски комисии.

Општинскиот комитет во Берово ги има следните комисии:

  • Комисија за труд и социјала, Комисија за економија и туризам,
  • Комисија за образование и наука,
  • Комисија за безбедност и одбрана,
  • Комисија за спорт,
  • Комисија за соработка со невладини организации,
  • Комисија за администрација,
  • Комисија за здравство,
  • Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство,
  • Комисија за правни работи,
  • Комисија за животна средина,
  • Комисија за финансирање,
  • Комисија за култура,
  • Комисија за локална самоуправа,
  • Комисија за енергетика.

На конститутивната седница накратко беа дискутирани идните партиски активности кои е потребно да бидат превземени, во согласност со политиките на ВМРО ДПМНЕ на централно ниво.

Претседателот на ОК Берово ги најави и активностите кои што претстојат по повод настанот кој секоја година го организира ВМРО-ДПМНЕ Берово, во чест на Македонскиот револуционер, борец за слободна Македонија Даме Груев.

Најавен беше и традиционалниот марш до местото на загинувањето на планината Петлец, со покана до сите присутни и сите останати кои сакаат да оддадат почит на ден 26.12.2020 година, со следна агенда:

-09.00 часот – Собирно место на центарот во Русиново,

-положување на свежо цвеќе на бистата на Даме Груев во центарот на Русиново,

-Панихида на надгробната плоча на револуционерите на гробиштата во Русиново и Тргнување кон Петлец.

  Категории: